X
 05.09.2015 Образование

Благодарение на овој професор, сега, секој може да го совлада калкулусот

Калкулусот е насекаде околу нас, без разлика дали правиме модел од порастот и падот на берзата или одредуваме точно време на пристигнување на авионот. Тоа е јазикот кој луѓето го измислиле за да ја опишат динамичката природа на нашиот универзум.


За жал, вистинската природа на калкулусот честопати не стигнува до студентите, кои почесто одлучуваат да учат напамет отколку да ги поврзуваат работите. Тоа е причината поради која Роберт Грист од Универзитетот во Пенсилванија одлучил да направи нешто револуционерно кога добил грант за да сними онлајн-курс во 2012 година.

Тој бил мотивиран од можноста да користи видео, боја и анимација за да направи работи кои се невозможни во обичната училница. Токму тоа и го направил.

Тој го поминал летото работејќи на „Sigle variable calculus“, 13-неделен курс кој се состои од 60 анимирани, динамични видео лекции.

Неговата алатка? Ништо друго освен „Microsoft power point“.

Веројатно во моментов сте скептични за анимациите. Но, погледнете дел од нив.





Целиот курс пронајдете го ОВДЕ.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование