X
 06.09.2015 Живот

Премија 7ка во НовоЛото вредна 6.000.000 денари , четврти пат годинава

Посакуваната премија 7ка од играта НовоЛото 7/34, го обележа 71то коло кое се реализираше вчера – на 05.09.2015, а беше емитувано во редовниот термин на ТВ Сител.




Ова е четврта 7ка  во 2015, а 12-та од почетокот на приредување на играта на среќа НовоЛото 7/34.

7ката е вредна 6.000.000 денари. Уплатени се 4 ( четири) комбинации, од кои добитна е втората комбинација .  Уплатата е извршена во Скопје во продажното место Џони Смокер во населбата Капиштец.  Играчот ќе добие речи си 100.000 евра за уплата од 60 денари

Вчера беа постигнати и 6 добивки со по 6 погодоци и 166 добивки со по 5 погодоци и бројни добивки за 4 погодоци.

Добитниците ги очекуваме во Државна лотарија на Македонија за да се запознаеме со нивните среќни приказни кои ќе ги споделиме со вас.

Фондот за 7ка сега изнесува повторно 6.000.000 денари  кои ги гарантира Државна лотарија на Македонија. Примамлива е добивката и на дополнителната игра Џокер која нуди над 2.000.000 денари.

Играта НовоЛото 7/34 e со право омилената игра на македонските играчи на игрите на среќа, која ја нуди најголемата премија во Македонија. 

За  добро!
Државна лотарија на Македонија

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот