X
 07.09.2015 Живот

Работи кои треба да ги знаете за кризата со бегалците за подобро да ја сфатите

На подрачјето на Блискиот Исток досега, околу 19 милиони луѓе ги напуштиле своите домови. Се смета дека секој ден, се придружуваат околу 42.000 луѓе.

 

криза


Поголемиот дел од нив патуваат кон Европа, односно кон богатите западни земји. Повеќето бегалци тргнаа кон Германија, земја со силна економија и полиберален начин на стекнување на политички азил.

Но, во текот на патувањето се сретнаа со доста ладниот анти-бегалски став на некои земји. Првенствено Унгарија. Нејзиниот премиер Виктор Орбан очигледно стравува дека со бранот на бегалци ќе се загрози безбедноста и економската ситуација во земјата.

Ова се некои работи кои треба да ги знаете за бегалската криза во Европа: како започна, како ескалира и на кој начин западните земји се поставија кон неа.

1. Најзначајниот двигател на кризата е војната во Сирија која започна во 2011 година

Од тогаш, земјата ја напуштиле околу 4 милиони луѓе, речиси една петтина од населението во Сирија. Сиријците најпрво избегале од нивната татковина поради режимот на Башар ал-Асад кој безмилосно ги напаѓал дури и со хемиско оружје. Од друга страна се закануваат терористите на ИСИС кои во оваа област прават страшни злосторства, како што е распнување и принудување на сексуално ропство. Сигурноста им ја загрозуваат и помалите терористички групи како Јабхат ал-Нусра.

2. Поголемиот дел од сириските бегалци се`уште живеат во кампови низ Европа

Такви кампови се наоѓаат моментално во Либан, Јордан и Турција. Сепак, овие кампови станаа пренатрупани и Сиријците се одлучија на ризичен пат кон европските земји. УНХЦР проценува дека само на овие патишта ова лето починале околу 2.500 луѓе.

 

слика


3. Животот во камповите станува неподнослив

Бидејќи во камповите се наоѓаат голем број бегалци, таму стана премногу опасно. Освен тоа, во камповите снемува храна и вода, па се заканува хуманитарна катастрофа. Европската Унија, САД и Кувајт ова лето на бегалците им ветија 1.2 милијарди долари помош.

4. Западот испраќа скромна хуманитарна помош

Ова лето ЕУ, САД и Кувајт на бегалците им ветија повеќе од 1.2 милијарди долари помош. Ова е само дел од износот за кој ОН проценува дека му е потребно на сириското население. Тие сметаат дека на бегалците им се потребни 5.5 милијарди долари, а оние кои се наоѓаат во Сирија дополнителни 2.9 милијарди долари. Токму ова Сиријците ги охрабри да се го започнат ризичното патување кон Европа.

5. Во Европа не бегаат само Сиријците


Во последните неколку години, во Европа даоѓаат бегалци од Авганистан, Сомалија и Нигерија. Еритрејците исто така се соочуваат до диктаторски режим поради кој Еритреја се нарекува африканска Северна Кореја. Бројот на баратели на азил од Балканот се покачува особено од земји како Косово, Албанија, Србија и секако, нашата земја.

 

2


6. На прв поглед се чини дека Европа помага, но не е баш така

Италијанската крајбрежна стража одамна организира спасување и прием на бегалците. Во тоа и` помагаат екипи од другите земји. Од друга страна, според VOX, западните земји се однесуваат на начин на кој движењето на бегалците ја прават Европа уште покомплицирана и поопасна.

На пример, во ноември минатата година беше укината италијанската операција „Маре Нострум“ која спасила 150 илјади луѓе и е заменета со програмата „Фронтекс“. Оваа програма е финансирана од Европската Унија, а подразбира само патролирање најмногу до 50 километри од границата, и не вклучува потрага и спасување на бегалците.

 

7


7. Досега Унгарија покажа најмалку разбирање

Унгарија изгради огромен ѕид од жица на границата со Србија. Исто така, таа најави закон со кој ќе се казнува три години затвор оној кој ќе ја оштети оградата или ќе биде фатен како нелегално влегува во земјата. На крајот, таа се обиде да ги затвори сите железнички врски со Германија.

8. Се чини дека и Австрија го заостри ставот кон Бегалците

Австрија воведе контроли на своите граници. Ова е спротивно од европската идеја за отворени граници. На овој начин, тие се обидуваат да го спречат влегувањето на голем број емигранти. Сепак, австриските власти го нарекуваат потегот „чин на добротворна организација“, во обид да се спречи повторувањето на катастрофа, како што беше онаа кога во камион загинале 70 бегалци.

 

слика


9. Со даблинската повелба во сила, во Европа уште повеќе се комплицира движењето на бегалците

Даблинската повелба вели дека бегалците мораат да останат во првата европска земја во која биле пронајдени, се` додека не се реши нивното барање за азил. По правило, ова е документ со кој нив им е забрането да се движат од една во друга европска земја. Поради тоа се случи најголемиот дел од кризата со бегалците да ја почувствуваат европските земји достапни за повеќето бегалци како Грција и Италија.

10. Германија досега е единствениот позитивен пример

Германија неодамна ја суспендира даблинската повелба и одобри поднесување на азил во нејзината земја. Останатиот дел од Европа, за жал, се`уште не го следи примерот на Германија, но полека се гледа позитивен развој. Во петокот, Велика Британија сепак одлучи во својата земја да пушти неколку илјади бегалци.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот