X
 08.09.2015 Живот

Што би ви се случило ако работите 365 дена без одмор?

Пред да се одлучите за уште една година без одмор, без разлика дали е поради работните обврски или бурната рутина, треба да знаете дека голем широк спектар на литература од областа на медицината, психологијата и менаџментот го потврдува она што телото и умот веќе го знаат.

 

одмор


Работење без вистински одмор може сериозно да го наплати својот данок врз менталното и физичкото здравје на една личност. За да се стави важноста на одморот во перспектива, во продолжение можете да прочитате што се случува доколку не си овозможите одмор.

„Данокот“ врз вашето тело

Постои силна врска помеѓу луѓето кои не одат на одмор и ризикот од срцеви заболувања. Податоците собрани во 1991 година, од реномираниот проект кој започнал во 1948 година, наречен „Фрамингем“, покажува дека жените кои зеле одмор еднаш на шест години или помалку, имале речиси двојно поголем ризик за развој на срцеви заболувања или фатален срцев проблем, отколку оние кои земале одмор најмалку два пати годишно.

И кај мажите важи истото. Истражување од 2012 година направено во текот на 50 години, покажа дека работниот ден од десет или повеќе часа ги зголемува шансите за коронарен ризик до 80% кај двата пола. Истражувачите оценија дека корелацијата поврзана со здравствените проблеми е подолгото изложување на психолошки стрес.

„Данокот“ врз вашиот мозок

Исцрпувачката работа влијае и врз вашето ментално здравје, а одморот е совршениот начин за полнење на батериите. Во 2012 година, повикувајќи се на долгорочен проект наречен „Whitehall II“, истражувачите од Финскиот институт за професионално здравје покажаа дека луѓето кои работат повеќе од 11 часа на ден, имале два пати поголем ризик да имаат депресивна епизода, дури и кај луѓето без претходни ментални здравствени проблеми.

Едно истражување од 2013 година спроведено од Универзитетот во Упсала во Шведска, открива дека луѓето кои одат на одмор може да го подобрат нивното ментално здравје на луѓето околу нив.

„Данокот“ врз вашата работа

Не е изненадувачки тоа што одморот на умот надвор од работата може да има корист врз ефикасноста на лицето. Истражување од 2012 година од психолозите од Универзитетот во Калифорнија, Санта Барбара и други училишта покажа дека учесниците кои беа соочени со проблем покажале зголемено креативно решение откако им било дозволенода прошетаат краток период.

За разлика од тоа, долгото работно време има спротивен ефект. Истражување од 2008 година од Финскиот институт за професионално здравје во текот на пет години покажа дека луѓето кои работат 55 часовна работна недела (за разлика од онаа нормалната со 40 работни часа) покажуваат пониски когнитивни функции, посиромашен речник и полошо расудување.

Некои одмори се поуспешни од другите. На пример, совладувањето на нови вештини како сурфање или јога, се особено корисни за намалување на исцрпеноста. За оние кои можат да си дозволат кратки одмори, не се обесхрабрувајте. Според истражувањето од Универзитетот во Тампере во Финска, колективниот ефект со текот на времето е од витално значење.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот