X
 09.09.2015 Технологија

Како да ги гледате и симнете сите прикачени фотографии од вашиот Gmail

Доколку имате важни фотографии на вашиот G-mail, но немате време за губење и посебно влегување во секој меил, тогаш ви нудиме одлични методи за брзо пронаоѓање на сите прикачени фотографии.

Метод #1 - Искористете го напредното пребарување (Advanced seaerch)

Ако сакате преку поширок пристап да пронајдете атачирани фотографии, најдобро би било во Search полето да внесете „has:attachment" за да го пребарате секој меил со прикачен документ. Така, ќе ви излезат сите прикачени документи.

 

1


За да не ги поминувате сите документи, напишете "filename:(jpg OR jpeg OR png)". Овој клучен збор ќе обезбеди попрецизно пребарување, прикажувајќи ги елетронските пораки само со фотографии.

1a


Со стрелките, можете да управувате со меиловите без да мора да ги отворате во нови прозорчиња. 

 

1б

Метод #2 Користење на Outlook и IMAP

 

2


Со Outlook и IMAP, за брзо време можете да ги симнете вашите меилови офлајн за лесен преглед на атачираните фотографии.

Кликнете ја иконата којашто се наоѓа на горниот десен агол од Gmail, а потоа одете во Settings. Од можните опции изберете „Forwarding and POP/IMAP“, потоа одете надолу и штиклирајте го кругот „Enable IMAP“.

Сега вратете се во инбокс и направете го следното:

Внесете „filename:(jpg OR jpeg OR png)“ во полето за пребарување;
Кликнете „All“ за да ги изберете меиловите со атачирани фотографии.

Кликнете на „Label“ иконата и создадете нова наречена „Photos“ (или нешто слично).

 


На тој начин создавате фолдер во кој лесно можете да имате пристап преку Outlook.

 

2b


Метод #3: Mailcloud за Аndroid/iOs

Mailcloud, достапен и за Android и за iOs, ви ја нуди најлесната опција за извлекување на фотографии од вашиот меил. Едноставно логирајте се на вашата сметка и почекајте Mailcloud да ги повлече сите атачирани фотографии од вашиот инбокс, за што ќе биде потребно подолго време.

 

3


Откако ќе заврши, можете да одите во опцијата „Photos“ која се наоѓа на дното на Mailcloud за да ги видите сите ваши фотографии.

 

3a


Кликнете на фотографијата и ќе ви излезе датата кога фотографијата била испратена или добиена.

 

3b

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија