X
 10.09.2015 Образование

Двојна евиденција - оценките и натаму ќе се пишуваат во два дневници



Наставниците во основните и во средните училишта, на први септември добиле пишани дневници во кои треба да ја водат целата евиденција која ја водaт и во електронските дневници. Ова ги збуни просветниците бидејќи во март годинава, Синдикатот за образование, наука и култура најави дека од учебната 2015/2016 година, целата евиденција ќе се пишува исклучиво во електронскиот дневник.

- На почетокот на учебната година ни беа дадени дневници, во кои ги внесувавме податоците на учениците, впишуваме контакти од родителите, часовите кои дневно ги обработуваме, планот за работа, активностите на училиште, фондот на часови. Исто како и минатата година, водиме двојно книговодство. Во мојата училница нема интернет, па активностите на часот ги запишувам на лист хартија, а кога си одам дома ги внесувам во електронскиот дневник - вели предметен наставник во едно скопско основно училиште.

По тринеделниот штрајк во образованието кој се случи во февруари годинава, беше договорено дека ќе има поголеми плати за вработените во градинките, дека ќе се укинат казните и наградите за наставниците од екстерното тестирање, како и дека пишаните училишни дневници ќе заминат во историјата. Претседателот на Синдикатот Јаким Неделков рече дека од 2015/2016 година сѐ што наставникот односно професорот пишува во пишаниот дневник, нема да мора да го пишува и во електронскиот дневник.

- Во класичниот дневник ќе го пополнуваат само тоа што е неопходно - часовите, прозивникот. А извештаите од родителските средби, екскурзиите, сето тоа ќе стои во електронскиот дневник. Педагошката евиденција и администрација што ги водат наставниците постепено ќе се намалуваат – изјави во март Неделков.

Освен водењето педагошка евиденција, беа договорени уште неколку работи - со Министерството за труд и социјала беше договорено исплатата на плати во градинките да се прави по колективниот договор. На пример, ако неговател кој земал 12.000 денари плата, приходите треба му се изедначат со оние што ги зема наставник во основно образование (околу 21.000 денари).

-Тоа е една децениска неправда нанесена на воспитувачите и негователите, а која сега ја исправиме - додаде Неделков.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование