X
 10.09.2015 Настани

SWT Alumni Македонија ја организира третата по ред Smart Up Конференција на тема "Smart up - Your story"

SWT Alumni Македонија на 16ти септември во Куршумли Ан, Стара Чаршија во Скопје со почеток во 17:30 ја организира третата по ред Smart Up Конференција на тема „Smart up – Your story“.

 
Smart Up претставува уникатен концепт за мотивирање на младите, поттикнувајќи ги да ги развијат своите претприемнички вештини учејќи од искуствата на 9те млади претприемачи од Start Up Акдемијата и успешните приказни на 3-ца докажани професионалци од Македонија. Бидејќи младите се движечка сила во општеството, ние сме уверени дека овој концепт на мотивирање кој се применува низ целиот свет, ќе биде успешен и во Македонија и дека ќе покаже резултати.

Покрај 9те млади претприемачи, гости говорници на третата Smart Up Конференција се Ѓорѓе Војновиќ (поранешен кошаркарски репрезентативец и актуелен корпоративен менаџер), Анита Латифа (раководител на маркетинг во Албански Театар Скопје) и Петар Ниновски (претприемач-основач на WeLrn).

Повеќе инфо за настанот каде што може да се погледне видеото и аплицирањето за бесплатно учество на настанот има на следниов линк: http://swtalumnimk.com/smart-up/Дополнително на следниов линк го има FB настанот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Настани