X
 11.09.2015 Култура

Најдобрите дела што ги напишал Џорџ Р.Р. Мартин (покрај GOT)

Да се напише книга како „A song of ice and fire“ се случува еднаш во животот на секој генијален писател. Меѓутоа, неговите приказни и романи нè носеа во неверојатни светови уште пред да го посетиме Вестерос. Следуваат некои од неговите најдобри дела покрај приказната позади „Game of thrones“.


„Sandkings“

Оваа книга била објавена првпат во 1979 година. Приказната е за богат маж кој собира егзотични миленици, притоа наоѓајќи мали вонземски суштества.


„Tuf Voyaging“

Оваа книга е напишана како спој од претходно напишани приказни кои се меѓусебно поврзани. Дејствието се одвива во фиктивен свет.


„Wild Cards“

Во овој свет, вонземски вирус им дава супермоќи на некои луѓе по Втората светска војна, но убива многу повеќе и создава чудовишта од нив. Оригиналната идеја не е на Мартин.


„The Armageddon Rag“

Приказната е фиктивна и се одвива околу рок-бенд од 1960-те години и она што се случува со нив во 1980-те.


„The Skin Trade“

Не е изненадување тоа дека Мартин пишувал мрачни приказни. Ова е еден од неговите подобри хорори.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура