Македонските и странските студенти од оваа година ќе имаат можност да студираат на нова филмска академија во Охрид, која се отвора при универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.
Заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, беше на отворањето на академијата во Охрид и даде изјава за медиумите во врска со истата. Имено, се работи за институт кој ќе нуди последипломски студии во две катедри - сценарио и продукција.
На академијата ќе предаваат реномирани и истакнати предавачи од Филмската академија во Прага. Ристовски посочи дека академијата во Прага е една од 5-те најдобри филмски академии во светот, каде завршиле некои од најголемите експерти во филмот на денешницава.
Згора на тоа, Ристовски најави проширување на програмите на академијата веќе од наредната година, а за оваа година се доделуваат и стипендии за студентите. Имено, ќе бидат доделени 20 стипендии - 10 за секоја од катедрите.
Студентите може да аплицираат за студии на академијата до 4 октомври на официјалната интернет-страница -
ОВДЕ.