Маркетинг директорот на SunWireless и сопственик на порталот Marketing365.mk, Г-дин Борис
Ефтимовски е избран за Претседател на жири комисијата на BalCannes, регионалната
креативна ревија на која се избираат 25-те најдобри маркетинг проекти во регионот.
За Ефтимовски ова е вкупно трето учество во регионално жири а за прв пат ќе има можност да
го предводи, со што ќе стане првиот македонец кој бил претседател на жирито на BalCannes.
“Чест ми е да бидам предводник на жирито кое го сочинуваат врвни професионалци во
својата работа и некои од луѓето кои најактивно се вклучени во следењето и развојот на
маркетинг индустријата во регионот. Ја користам приликава да ги поканам и нашите
домашни маркетинг агенции и компании да се пријават со своите проекти на BalCannes и
уште еднаш да докажат дека можат да се носат рамо до рамо со најдобрите креативци
од целиот регион” – изјави
Борис Ефтимовски.
BalCannes се одржува во склоп на Викенд Медиа Фестивалот кој наредната недела ќе се одржи
во Ровињ, Хрватска, а повеќе информации во врска со самиот настан и условите за
пријавување може да се погледнат на следниов линк:
balcannes.com
Викенд Медиа Фестивал е најголем комуникациски настан во регионот кој на едно место го
собира кремот на маркетинг, медиа и ПР јавноста и на кој годишно присуствуваат повеќе од
4000 посетители.