X
 16.09.2015 Живот

Да го заштитиме озонот - Пакомак со едукативна акција во основните училишта на меѓународниот ден за заштита на озонската обвивка

Со цел да се подигне еколошката свест за значењето на заштитата на озонската обвивка и тоа посебно кај најмладите, компанијата Пакомак на 16 септември, меѓународниот ден за заштитата на озонската обвивка, дефиниран од Обединетите нации, иницира едукативна акција во која ќе бидат вклучени неколку основни училишта во земјава. За таа цел во училиштата на оваа тема ќе биде поттикната едукација, најмладите ќе се информираат за озонската обвивка која преставува дел од атмосферата на височина од 19 до 48км од земјината површина, која ги филтрира ултра-виолетовите зраци и ги рефлектира во вселената.




Учениците ќе се едуцираат за активностите кои влијаат на оштетувањето на озонската обвивка, како и какви мерки треба да се превземат за да се спречи катастрофа. Тие ќе бидат информирани дека иако станува збор за глобален феномен, секој индивидуално со своето однесување, незагадување е пример за останатите и може да придонесе локално, за да имаме поздрав животна средина. Дека секој отпад несоодветно третиран ја загадува почвата, причинува да дојде до испарување на отрови во атмосферата, што севкупно влијае негативно на озонот.

Децата се нашата иднина, тие се најголемите гласноговорници и поддржувачи на вакви еколошки иницијативи, еколошки амбасадори и пример за однесување, нешто што го потврдија и со големиот одзив и вклученост во училишниот еко-проект „Чиста околина, чисто училиште, чисти раце“, кој ќе продолжи и оваа учебна година. Со креирањето на едукативните материјали даваме мал придонес насочен кон зачувување на животната средина, но истовремено сакаме да испратиме силна порака дека сите ние имаме одговорност за тоа како ќе живееме во иднина,  изјави Ико Брдароски менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

Материјалите ќе содржат информации за озонот кој делува како штит и ја заштитува земјината површина од штетното ултравиолетово зрачење, за озонската дупка во големина во северна Америка која се наоѓа над Антарктикот, за ефектот на стаклената градина, за стратосферата (обвивка на атмосферата меѓу 10 и 40 кm над Земјата) со чие слабеење луѓето и живиот свет би биле поизложени на УВ зрачења кои предизвикуваат рак на кожата, катаракти и имуни заболувања. Материјалите ќе бидат прилагодени на децата, ќе содржат илустрации за тоа како озонот се ослабува и што не треба да се прави и како сите ние можеме да придонесеме кон неговата заштита. За балансот меѓу „добриот“ - стратосферски и „лошиот“ - тропосферски озон, од чија нерамнотежа може да има сериозни последици за животот на Земјата, бидејќи научниците информираат за промени во нивоата на озонот, односно дека нивото на штетниот тропосферскиот озон се зголемува во воздухот кој го дишиме, а корисниот стратосферски озон се намалува во нашата заштитна озонска обвивка.

Значењето на еколошката свест како дел од општествената свест во воспоставување на рамнотежа помеѓу човекот и природата е од огромно значење за сите, токму затоа Пакомак како компанија  и понатаму ќе продолжи со активности кои придонесуваат да имаме здравa и чиста околина.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот