X
 17.09.2015 Настани

Се одржа третата Smart Up конференција

На 16-ти септември во Куршумли Ан во Скопје Summer Work and Travel Alumni Македонија ја организираше третата Smart Up конференција. Конференцијата беше отворена од претседателот на здружението Марко Георгиевски, а воведно обраќање за значењето на претприемништвото имаше и амбасадорот на Соединетите американски држави во Скопје, Н.Е. Џес Бејли. Целиот настан беше подржан од Американската Амбасада во Скопје и спонзорите Пекабеско, Office Plus, Тинекс, Бирократ, Kupi od Doma, Прилепска пивара, Далвина и Nestle Adriatic Makedonija.



На настанот присуствуваа повеќе од 350 гости кои ги слушнаа излагањата на 10те најуспешни учесници на втората Start Up академија и имаа можност да им постават прашања поврзани со нивните бизнис идеи. Веднаш по нив, присутните имаа чест да ги слушнат Ѓорѓе Војновиќ и Анита Латифи, кои со своите говори ги мотивираа и инспирираа идните претприемачи.

Со Smart Up конференцијата и официјално за затвара втората Start Up академија. Како што истакна претседателот на здружението аплицирањето за третата академија ќе започне на 1ви октомври.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Настани