X
 17.09.2015 Образование

Универзитетот Американ Колеџ Скопје одржа церемонија за почеток на новата академска 2015/2016 година

Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС), на 16 септември во Александар палас ја одржа традиционалната церемонија за одбележување на почетокот на новата акедемска година 2015/2016. Церемонијата се одржа во присуство на сите новозапишани студенти на шесте факултети при УАКС, родителите и пријателите на студентите, советникот за менаџмент од Амбасадата на САД во Македонија г-дин Чарли Винтермејер, Министерот за странски инвестиции г-дин Џери Наумоф и целиот академски и административен тим на УАКС.



Универзитет Американ Колеџ Скопје со оваа церемонија преку обраќањето на conference Ема Кастратовиќ им посакува добредојде на новите студенти во Акаденската 2015/2016 година.

Универзитет Американ Колеџ Скопје пред новите студентите ги претстави сите декани, професори и асистени од факултетот за бизнис и организациони науки, факултетот за архитектура и дизајн, факултетот за политични науки, факултетот за правни науки, факултетот за информатичка технологија, факултетот за странски јазици. За време на процесијата се слушаше академската химна “Gaudeamus lgitur”.

Преку инспиративните обраќања од Ректорот на универзитетот проф.д-р. Марјан Бојаџиев, советникот за менаџмент од Амбасадата на САД во Македонија г-дин Чарли Винтермејер и Министерот за странски инвестиции г-дин Џери Наумоф УАКС им овозможува на новите студенти да почуствуваат дека се дел од интернационално универзитетско семејство кое ќе се труди во текот на нивните студии преку студиската програма и праксата да им помогне да станат подобри и поуспешни професионалци и личности.

Со своето обраќање советникот за менаџмент од Амбасадата на САД во Македонија г-дин Чарли Винтермејер истакна дека со порастот на економијата во Македонија и со присуството на интернационални компании се зголеми потребата од високо образован кадар и сегашните бруцоши имаат можност во следниве 4 години студии на УАКС да се здобијат со вештини и знаења и да бидат компетитивни на пазарот на трудот во иднина.

Со инспиративното обраќање на Министерот за странски инвестиции г-дин Џери Наумоф за новите студенти се истакна важноста на упорноста, вербата во себе и континуираниот едукативен процес. Г-дин Џери Наумов преку примерот дека неговите синoви ги завршиле додипломските и посдипломските  студии на Факултетот за еконимија и организациони науки при УАКС ја покажа довербата кон студиските програмин а УАКС и ги ограбри новите студенти дека направиле најдобар избор за започнување на нивното високо образование.

Ректорот на УАКС проф.д-р Марјан Бојаџиев ги покани студентите кои менторирале други студенти и го дале својот придонес во развојот на Клубот на тутори да им додели благодарници.
Пред крајот на церемонијата сите студенти заедно со ректорот на УАКС во еден глас ја читаа студентската заклетва и на тој начин ја прогласија Академската 2015/2016 година за започната.
Церемонијата за почеток на Академската 2015/2015 на УАКС заврши со коктел во лобито на Александар палас каде што во поинаква атмоствера студентите можеа да се запознаат помегу себе, да поразговараат со професорите и асистентите, родителите на студентите имаа можност да се запознааваат со академскиот и административен тим на УАКС.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование