X
 22.09.2015 Економија

Само еден од 10-те најбогати луѓе на сите времиња се`уште е жив

Често читате за најбогатите луѓе во светот, но дали некогаш сте се запрашале кои биле најбогатите луѓе на сите времиња?

 

пари


1. Манса Муса (1280-1337, Мали)

Манса Муса, владетелот на Тимбакту, кралството во Западна Африка, често го нарекуваат најбогатата личност која некогаш живеела. Неговото царство во тоа време било најголемиот производител на злато, а златото тогаш било се`. Рудолф Вер, професор по историја на Универзитетот во Мичиген, вели дека Манса бил „најбогатиот човек што светот некогаш го видел“.

2. Август Цезар (63 п.н.е - 14 п.н.е, Римско Царство)

Не само што Римската империја имала учество во третина од светскиот БДП, туку и Цезар сам имал многу богатство. Се проценува дека неговото богатство изнесува приближно 4.6 милијарди долари, а бил и сопственик на Египет.

3. Царот Шензонг (1048-1085, Кина)

Во времето на неговото владеење, Кина била најмоќната економска империја во светот. Неговото богатство доаѓало од техничките иновации кои биле стотици години пред своето време.

4. Акбар Велики (1542 - 1605, Могулско Царство, Индија)

Најголемиот владател на индиската династија владеел со индиското царство кое имало четвртина од светскиот БДП.

5. Сталин (1878 - 1953, Советски Сојуз)

Сталин бил диктатор кој контролирал една од најголемите економии во светот во неговото време. СССР во 1950 година, три години пред смртта на Сталин имал 9.5 учество во светската економија. Ова ниво на производство денес одговара на 7.5 милијарди американски долари. Иако тие пари не припаѓале лично на Сталин, тој лично ја контролирал оваа „фабрика од пари“.

6. Ендру Карнеги (1835 - 1919, Америка)

Иако Рокфелер било медиумски поекспониран, Карнеги веројатно бил најбогатиот Американец на сите времиња. Овој шкотски имигрант ја продал својата компанијa за 480 милиони долари. Во тоа време тоа бил износ од 2.1% од БДП на америка. Денес би биле 372 милијарди долари.

7. Џон Д.Рокфелер (1839 - 1937, Америка)

Рокфелер се збогатил со нафтениот бизнис во време кога овој бизнис не бил добро разработен. Во 1880 година, неговата компанија „Standard Oil“ контролирала 90% од производството на нафта на Америка. Кога починал, неговото богатство било проценето на 1.5 милијарди долари што тогаш биле 2% од американскиот БДП. Денес бројката е околу 341 милијарда долари.

8. Алан Руфус (1040 - 1093, Англија)

Внукот на Вилијам Освојувачот заедно со својот вујко учествувал во освојувањето на Нормандија. Кога починал, неговото богатство се проценило над 11 илјади фунти, а тоа е околу 7% од БДП на Англија.

9. Бил Гејтс (1955, Америка)


Неговото богатство се проценува на околу 80 милијарди долари и претставува најбогатата личност на денешницата. ИМа 8 милијарди повеќе од Аманицио Ортега, основачот на „Zara“.

10. Џингис-кан (1162-1227, Монголско царство)


Неговото богатство во најголем дел било земја, а станува збор за еден од најголемите војсководци на сите времиња. Го контролирал просторот од Кина до Европа, а неговото царство било најголемо на сите времиња.

Приказната дека неговата војска го ограбувала, не е вистина. Тој бил доста дарежлив па пленот од војната го делел со неговите војници, а за себе не земал многу злато - не изградил нитуедна палата за себеси, а бил погребан како обичен човек.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија