X
 23.09.2015 Култура

Институтот "Конфуциј" при УКИМ со настан за празникот на средината на есента

Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во соработка со Амбасадата на Народна Република Кина во Република Македонија одбележува два празника оваа недела. Се работи за празнување на средината на есента и Светскиот ден на институтот „Конфуциј“.


По овој повод, институтот ги поканува почитувачите на кинеската култура да присуствуваат на настан кој ќе се одржи на платото пред Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Настанот ќе се одржи на 26 септември (сабота) со почеток во 15,00 часот.


Првите три часа се предвидени за отворени часови по кинески јазик, изработка на фигури од хартија, таи чи чуан и натпревар по калиграфија. Во следните два часа ќе има претставување на значењето на Празникот на средината на есента, поетско читање додека посетителите ќе имаат можност да слушаат кинески традиционални песни и да уживаат во кинеска церемонија за чај.

Обраќања ќе имаат и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Велимир Стојковски и амбасадорот на НР Кина во Р. Македонија, Н.Е. Вен Џеншун.

Настанот на „Фејсбук“.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура