X
 23.09.2015 Живот

Писмо на една млада Хрватка: "Не можам да се вработам поради тоа што сум девојка"

Младата магистерка и инженерка по наутички и технолошки поморски сообраќај, Петра Просеница одлучила преку Фејсбук да и` се обрати на хрватската влада за да ја претстави, „својата малку смешна животна приказна“.

 

работа

 


Нејзиниот апел го поддржаа повеќе од 2.000 луѓе, а бројката постојано расте. Ви ги објавуваме најинтересните делови од нејзиниот пост, како и одговорот од Владата.

„Пред 6 години завршив средно училиште, и одлучив да се запишам на не толку типичен факултет, односно студиска програма која не е типична за женскиот пол во Хрватска и околината. Се запишав да учам наутика и технологија на поморскиот сообраќај бидејќи морето и бродовите отсекогаш биле моја вистинска љубов. Уште на самиот почеток на студирање, се соочив со разни препреки како и дофрлувања слични за нашите простори: „Жената е несреќа на бродот„ и слично. Но, не се откажав од мојата почетна цел.

Во октомври 2014 година (поточно 20 октомври) ја одбранив мојата дипломска работа и официјално ја добив титулата „Магистер инженер по наутика и технолошки поморски сообраќај“. Веднаш после завршувањето на факултетот започнав со собирање на потребните документи за работа на брод.

Со завршените пет години на наутика и технолошки поморски сообраќај, поради различни правилници на двата факултети, не бев во можност да изработам поморска книшка околу 5-6 месеци, и со тоа не можев да се вработам по струката, а испитите за кои поседувам докази дека се положени, морав да ги полагам повторно и тоа за мене беше дополнителен трошок“.

Понатаму Петра наведува дека не сакала медиумски да се ексопонира,  но се случило нешто што „и` ја прелило чашата“  и токму поради тоа таа се одлучила да и` се обрати на Владата на Хрватска. Имено, таа одлучила да аплицира за работа во добро позната домашна бродска компанија. Меѓутоа, таа била одбиена со објаснување дека тие немаат обичај во екипажот да биде вработена женска личност.

„Моментално испраќам барања за следните професии: келнерка, асистентка за продажба, асистентка во кујна итн. Воопшто не ми е целта да ги омаловажам овие професии и да ја намалам нивната вредност, но мислам дека треба да добијам шанса да работам според струката“, вели таа во писмото до Владата.

За среќа, Петра доби одговор од Владата на Хрватска:

„Петра, ти благодарам на прашањето. Заштитата и промовирањето на родовата рамноправност е темелна вредност на уставниот поредок на Република Хрватска. Ова значи дека жените (и мажите) мораат да имаат еднаков статус, еднакви можности во реализирањето на нивните права, и еднакви придобивки од реализираните резултати, како и право да го штита домашното законодавство и законодавството на ЕУ.

Ве молиме да се обратите до народниот правобранител за родова еднаквост. Народниот правобранител може да ги контактира тие луѓе и да ги предупреди на случаи на дискриминација или кршење право врз основа на пол, а можна е и анонимна пријава - постапката е бесплатна“.

 


Poštovana Vlado Republike Hrvatske,zovem se Petra Prosenica i odlučila sam Vam se obratiti kako bih Vam predstavila...

Posted by Moo Tika on Monday, September 21, 2015
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот