X
 23.09.2015 Наука

Тинејџерка доби стипендија од "Google" за револуционерен тест за ебола

Победникот на научниот саем на „Google“ за оваа година е 16-годишната Оливија Халисеј за нејзиниот проект за еболата. Нејзиниот проект се состои од брз, евтин и сигурен тест за вирусот ебола кој дава резултати за помалку од половина час, пред личноста да ги покажува симптомите.


Моменталните методи за откривање на вирусот се комплицирани и скапи, поради што ова е револуционерно откритие.

Тестот на победничката функционира на тој начин што наоѓа протеин кој е присутен во вирусот. Потоа, ги користи типичните состојки составени од антитела и хемикалии кои прават тестот да менува боја доколку се присутни протеини од ебола.


Тестот е направен од хартија, на која се додаваат хемикалиите и вода, како и примерок од пациентот. Потоа, сите овие состојки се поставуваат во насока и време со кои откриваат присуство или отсуство на протеини на еболата.

Раното откривање на еболата е битно бидејќи може да ги зголеми шансите за преживување.

Победниците на 5-от годишен научен саем биле прогласени во живо од Калифорнија. Халисеј ја освои првата награда, победувајќи 22 финалисти. Со себе дома однесе стипендија од 50.000 долари.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука