X
 25.09.2015 Технологија

Потенцијални проблеми кои доаѓаат со Windows 10, а за кои треба да знаете

Windows 10 веќе некое време е излезен. Microsoft вели дека всушност ова е последниот Windows во смисла дека повеќе нема да има поголеми надградби како претходно. Наместо тоа, Microsoft ќе издава „patches“ за поддршка.

 

10


Системот ќе функционира како пакет на услуги кои претходно ги имаат испратено за претходните верзии на Windows. Поради тоа, важно е да знаете зошто треба да бидете претпазливи со Windows 10.

Треба да знаете дека овој оперативен систем доби доста добри критики, со што се покажува дека Microsoft навистина инвестирал во овој квалитетен производ - но пред да го надоградите, треба да знаете дека се`уште има доста проблеми со системот. На тој начин ќе можете да одлучите дали сакате да го почекате Microsoft да ги поправи проблемите или да го промени проблематичното однесување или пак сакате да го надоградите сега.

Поддршка - Автоматските ажурирања не можат да бидат запрени

Најпрво, да зборуваме за поддршката. Microsoft имаат тенденција да имплементираат решенија од врвот па надолу и да ги принудат програмерите и корисниците да ги прифатат нивните одлуки. Поддршката не е исклучок од ова правило.

Windows 10 нови нова функција со која сите надградби се целосно автоматски и одат преку Microsoft. Постојат неколку добри страни: повеќе не мора да одите на веб страни и да барате дравјер за правилен дисплеј за една игра. Во теорија, ова ги тера компаниите да прават добри драјвери. Во пракса, лош драјвер за дисплеј кој поминал низ процесот за ажурирање веќе предизвикал проблеми со тоа што некои компјутери со Windows 10 веќе ги направил неупотребливи. Карактеристиките на автоматското ажурирање скоро оневозможува да се отстрани дравјерот.

Се чинни дека Microsoft е доста посветен на оваа функција, па добра идеја е да се повлечете некое време додека не се појават добри драјвери.

Приватност: Нејасни работи поврзани со собирањето на податоци

Следно нешто е приватноста. Ова е доста голем проблем денес, а Windows 10 не е исклучок. Прво, Windows 10 доаѓа со нов договор за приватност. Можете да го прочитате и сами - Microsoft е прилично нејасен за ограничувањата кои си ги поставиле самите себеси како и кои податоци ќе ги собираат и споделуваат.

Една причина за загриженост е виртуелниот асистент Кортана. Кортана ги следи сите ваши навики на користење низ апликациите како и вашата историја на пребарување и информациите за локација. Сето тоа е направено за да го подобри вашето искуство, но останува вие да одлучите дали сакате да го споделувате сето тоа.

Информации: Автоматско споделување со вашите пријатели

Покрај Кортана, Windows 10 собира доста информации од вас и ги споделува. Има функција која автоматски ги споделува вашите wi-fi информации за логирање со вашите пријатели на Skype и Facebook кои се во рангот на вашиот wi-fi. Со тоа им се олеснува да се конектираат кога ќе го посетат вашиот дом, но сигурно дека не сакате да ги споделувате информациите без да имате директна контрола. Затоа, сигурно ќе сакате да ја исклучите оваа опција доколку имате широка социјална мрежа.

Поврзување: Преземањата може да ја намалат вашата брзина


Постои уште еден проблем ако имате ограничена конекција. Windows 10 користи систем сличен на торент за дистрибуција на надоградби, кадеш корисниците користат „seed“ еден за друг. Ова е направено по стандард, па може да се случи да ви искористи доста капацитет без да забележите дека Microsoft презема и ја користи вашата конекција за да ја сподели со другите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија