X
 27.09.2015 Живот

Поради тетоважа, отпуштена половина час откако ја добила работата од соништата

Клер Шепард била пресреќна што ја добила работата од соништата, а потоа се` падна во вода.

 

1


27 годишната Клер Шепард добила работа за шопинг логистика, која била импресионирана со нејзината биографија и и` понудила работа после телефонско интервју. Сепак, откако официјалните лица откриле дека таа има тетоважа на раката, се предомислиле поради тоа што мислеле дека нејзината тетоважа може да биде „навредлива“.

Клер, која тетоважата ја има повеќе од година дена, својата фрустрација ја изрази на Фејсбук.

„Бев пресреќна кога ми кажаа дека почнувам со работа следната недела. Ми испратија маил со правилата за облекување, во кој пишуваше дека сите тетоважи мораат да бидат прикриени затоа што ги сметаат за навредливи. Јас мислејќи дека станува збор само за протокол, им испратив меил објаснувајќи им дека мојот амблем нема да претставува проблем во работата. Веќе шест години ја работам оваа работа и тетоважите никогаш не претставувале проблем. Нивниот одговор беше дека доколку не можам да ја покријам мојата тетоважа, тогаш повеќе нема да бидам нивна вработена. Очигледно е дека мислеле дека сум вистинскиот кандидат за работата штом веднаш ме примија, такашто бев во вистински шок поради тоа што веднаш ме отпуштија поради тетоважите“, вели таа.

 

2


Нејзиниот пост го споделија многу луѓе низ социјалните мреи, а кога компанијата видела дека нејзиниот пост станал популарен, се понудиле да и` ја вратат работата. Таа ја одбила, бидејќи пронашла работа во друга компанија, но се надева дека со овој пример ќе покаже дека компаниите вршат дискриминација врз основа на физичкиот изглед, и покрај тоа што личноста е квалификувана за работата.

„Според мене, тетоважите не влијаат на вашата способност да ја работите својата работа и не влијаат врз здравјето на другите. Буквално, тие се само боја на вашата кожа. И претходно сум била асистент менаџер и тетоважите никогаш не претставувале проблем. Доколку личноста е способна да си ја работи работата, не гледам зошто толку се осудува“, вели таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот