Во понеделникот во Њујорк се одржа самит на Обединетите нации. На него присуствуваа претседателите на Кина, Русија и САД, меѓу останатите присутни. Какви пораки испратија овие тројца лидери?
Барак Обама, претседател на САД
Обама зборувал за начинот на кој технологијата и социјалните мрежи придонеле во поглед на револуциите.
- До технологијата е, социјалните мрежи и желбата на луѓето секаде да ги прават сопствените избори за начинот на кој се водено - изјавил тој.
Освен тоа, тој признал дека западните влади не секогаш ги донесувале најпаметните одлуки.
- Мора да признаеме дека мора да работиме поефикасно во иднина како меѓународна заедница да изградиме капацитет за државите кои се во криза пред да колабираат - додаде тој.
Си Џинпин, претседател на Кина
- Иднината на светот мора да биде обликувана од сите земји. Сите земји се еднакви, Големите, силните и богатите не треба да се подбиваат со малите, слабите и сиромашните - изјави претседателот.
Џинпин посвети дел од својот говор на променливоста на глобалната клима и „одговорноста“ на Кина да се бори со климатските промени, во што улога треба да имаат и други развиени земји.
Владимир Путин, претседател на Русија
Путин
зборувал за западното мешање во кризите на светот и изјавил дека смета дека ова водело до хаос наместо напредок за нацијата.
- Наместо триумф на демократијата и напредок добивме насилство, сиромаштија и социјална катастрофа - изјави Путин.