X
 01.10.2015 Образование

М-р Дарко Димитров: Новите европски образовни програми нудат одлични можности за младите!


Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во чија надлежност е управување и имплементација на ЕУ програмите во Република Македонија од областа образованието, обуката, младите и спортот од 2014 година стана полноправна членка на Програмата Еразмус плус, а со тоа земјава стана програмска земја која ги има истите можности како и земјите членки на Европската Унија. Нив ги има многу, едноставно треба само да се разгледаат и искористат- вели во интервју за Фактор.мк, м-р Дарко Димитров, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Програмата „Еразмус плус“, вели тој им нуди на заинтересираните да партиципираат во друга програмска држава за учење, стажирање, предавања, воедно да обучуваат или развиваат професионални вештини и компетенции. Во периодот октомври-декември Агенцијата подготвува нова промотивна кампања за се поголема видливост на програмите и нивно доближување до граѓаните и институциите од земјава. Инаку Димитров важи за главен “виновник” за враќање на довербата кон Националната агенција, транспарентноста при распределбата на фондовите предвидени за европските програми и рамноправен пристап на сите заинтересирани кои бараат подобри образовни можности.

Република Македонија учествува рамноправно со сите земји на Европската унија во програмата Еразмус+. Кои се можностите кои ги нуди овој проект и каква е искористеноста на фондовите за Еразмус плус и кои се досегашните искуства ?

М-р Д. Димитров: Станува збор за проекти кои придонесуваат кон личниот и професионален развој на учесниците во мобилностите, студенти, професори, наставници, обучувачи, млади. Наши корисници можат да бидат основни и средни училишта, детски градинки, универзитети, институции за стручна за обука, институции за образование на возрасни, бизнис секторот, невладини организации, младински организации, донесувачи на одлуки во областа на образованието и сите други субјекти кои сакаат европските образовни практики да ги воведат во секојдневно работење. Генерализирано, Еразмус+ нуди можности за корисниците за обука во странство или креирање на заеднички проекти на теми од заеднички интерес помеѓу различни партнерски институции.

Согласно повикот кој беше објавен за предлог проекти за Програмата Еразмус + 2014 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност одобри 65 проекти, а со Договор за грант се обврзани 97,7 % од средствата во висина од 2.708.818 евра. Во однос на 2015 година, засега Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има одобрено 57 проекти, а со договор за грант се обврзани 87,8 % од средствата во висина од 3.633.224 евра. Дополнително, во тек е процес на аплицирање за проекти од областа на млади 3 рок, како и Високо образование – соработка помеѓу програмски и партнерски земји 2 рок, со што очекуваме уште поголема искористеност и обврзување на средства за 2015 година односно повторно да имаме искористеност на фондовите од над 95% . Дополнително, НА ќе грантира 10 проекти во вкупна висина од 231.857 евра во однос на Клучната акција К219 наменети за училишта од Република Македонија како партнери во проекти селектирани во други ЕУ земји.

Целото интервју можете да го прочитате на Фактор.мк на ОВОЈ ЛИНК

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование