X
 01.10.2015 Образование

Студент патува 1.600 километри за да ги слуша предавањата на факултет

Лондон е неверојатно скапо место за живот, особено за универзитетските студенти кои доаѓаат од посиромашни семејства. Ова претставува проблем за секој кој сака да студира на престижен факултет во градот, но не и за овој човек.


Еден студент не плаќа станарина и нема трошоци за живот во Лондон бидејќи тој патува за своите предавања, и тоа од Полска.

23-годишниот Џонатан Дејви студира на Лондонскиот универзитет. Тој сфатил дека би било поевтино да патува за предавањата наместо да живее во Лондон, па затоа одлучил да го прави токму тоа.

За да отиде на факултет, Џонатан патува 1.000 милји, односно 1.600 километри секоја среда, а се враќа во Полска секој петок. Во меѓувреме, тој спие во евтини хотели или кај пријатели.

Ова го чини 3.000 долари годишно, што не е ниту приближно блиску до сумата која би ја давал доколку би живеел во Лондон.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование