X
 06.10.2015 Образование

Грешки кои ги прават родителите, а со кои ја кочат интелигенцијата на детето

Не го прави ова, не го прави она, немој да го допираш тоа, внимавај ќе паднеш, пази - немој! Оставете го детето само да се снајде и само да измисли што покомплицирано да работи. Немојте да го спречувате во активностите за кои вие мислите дека не може да ги направи.

 

дете


Веројатно многу пати ги опоменуваме нашите деца, и веројатно многу пати сме им викале за глупави причини бидејќи не сакаме да се удираат, да паднат и да заплачат, а со тоа не им дозволуваме да бидат деца и да ја развиваат сопствената интелигенција.

Станува збор за најосновните детски импулси - кога ќе се качат на кревет и кога ќе сакаат да скокаат. „Немој да скокаш, ќе падниш, ќе го скршиш креветот, ајде, веднаш долу!“.

Еден од примерите е и кога родителите одат со своите деца по пат, а тоа упорно оди на работ и балансира, и покрај предупредувањата на родителите дека би можело да падне и да го удри автомобил. Постојат многу други вакви слични примери за кои постојано ги караме нашите деца.

Како ова однесување на децата го објаснуваат членовите на Менса?

 

1


Интелигенцијата не зависи само од бројот на неврони, односно, таа не е условена само од генетскиот потенцијал туку и од важните врски помеѓу невроните таканаречени синапси кои се развиваат после седмата година од животот на детето. Преку развивање и одржување на невроните во живот, како и преку создавање нови врски меѓу нив, се зголемува интелигенцијата на детето. Со други зборови, мозокот кој е стимулиран со природни непослушности на детето не дозволува уништување на невроните.

Кога мозокот има повеќе неврони логично е да е попаметен од оној чијшто неврони изумираат. А тие изумираат доколку мозокот не се тренира - доколку се остави пред телевизор, таблет, монитор полека да впива информации без никаква физичка (ре)акција. И тоа е целото објаснување за (не)интелигенцијата.

Постојат голем број примери за типичните грешки на денешните родители и веруваме дека вие би сакале да знаете каде грешите.

Пред да се родите бебето се уредува неговата/нејзината соба кадешто тоа ќе седи. Се избираат боите, нежно сина, нежно розева, додека од Менса велат дека во овој период боите треба да бидат шарени. Нежните бои не само што нема да ги забележи, туку оваа досадна слика во мозокот на бебето нема да симулира ништо бидејќи нема никаква разлика.

Бебето расте па мама и тато почнуваат повеќе да го креваат - со задолжително држење на главчето без да дозволат главчето да се помести милиметар наназад. И ова е голема грешка бидејќи главата треба да се држи лесно за бебето да може да ги зајакнува мускулите и да развива важни невронски врски во својот мозок. Исто така, голема грешка е кога мајката воглавно внимава бебето нежно да го држи и да го ниша со нежни движења, такашто бебето се вознемирува кога таткото тоа ќе го направи погрубо. Токму ова е начин кога бебето започнува да учи активни движења и неговиот мозок започнува брзо да создава синапси и да се прилагодува на движењата за подоцна само да почни да работи.

Родителите често грешат кога не им дозволуваат на своите бебиња да лазат по нерамни терени (само во дезинфицирана соба) бидејќи бебињата со своите дланки допираат и со тоа им се развиваат важни центри во нивниот мозок. Дали сте знаеле дека ротацијата околу својата оска се смета за еден од најкомплицираните движења и детето со тоа создаваат нови синапси и нова перцепција за светот. Не е лесно да се заврти и притоа да не падне, меѓутоа на тој начин го развиваат сопствениот мозок и истовремено одржуваат рамнотежа вклучувајќи ги сите мускули во телото.

Кај овој пример може и да се истакне она познатото превртување и висење наопаку, за кое голем број родители мислат дека на детето ќе му дојде цела крв во мозокот, што и не е нешто ужасно.

Сите овие примери укажуваат кон една работа - оставете го вашето дете само да се снајде и само да измисли комплицирани активности. На тој начин ќе го развие својот мозок, и ќе сфати дека може да направи многу работи.

д-р Ранко Рајовиќ, лекар специјалист, роден во 1964 година, основач на МЕНСА Југославија (денеска Србија) и одел за талентирани NTC (Никола Тесла Центар), член е на одборот на директори на МЕНСА Интернационал и претседател на Комитетот на МЕНСА Интернационал за талентирани деца.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование