X
 14.10.2015 Образование

Склучен Меморандум за соработка помеѓу Универзитетот "Св. Апостол Павле" и ИКТ компанијата "Ендава"


 
Ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид - Нинослав Марина и менаџерот на „Ендава - Скопје“ Ендру Браун, склучија Меморандум за соработка со кој се предвидува интензивирање на соработката помеѓу Универзитетот и компанијата на полето на реализација на студентски стажирања, заедничка работа на реализација на стручни и научни проекти, размена на научни информации и практични искуства.

- Соработката со „Ендава“ ќе ги прошири можностите за усовршување на нашите студенти, преку стажирање да стекнат вредни искуства за начинот на кој функционира една современа интернационална ИКТ компанија. Се надеваме дека соработката со „Ендава“ и нивното искуство во опслужувањето на големи компании од банкарската и осигурителната индустрија, ќе најде соодветна примена во надградување и унапредување на образовните програми и апликативните активности на Универзитетот - изјави ректорот на Универзитетот Нинослав Марина.

По повод склучувањето на Меморандумот, менаџерот на „Ендава“ Ендру Браун изјави: - Како секоја сериозна компанија од областа на информатичките и комуникациските технологии „Ендава“ посветува особено внимание на воспоставувањето соработка со високообразовните институции од областа на информатиката. Ваквата соработка е од корист за сите, а ние како компанија сме заинтересирани да инвестираме во развојот на образованието бидејќи нашите идни вработени ги регрутираме токму од редовите на успешните инженери по информатика.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование