X
 15.10.2015 Технологија

"GoPro" ќе доделува 5 милиони долари годишно за добри видеа и фотографии

„GoPro“ сака да биде медиумска компанија освен произведувач на камери. За да ја направи оваа промена треба да ги инспирира корисниците да започнат да споделуваат одлични содржини со уредите. Токму затоа, компанијата ги претстави наградите „GoPro“.


Се работи за програма со која ќе се инспирира создавање повеќе и подобра содржина. Во рамките на истата ќе се доделуваат 5 милиони долари годишно на луѓе кои ќе ги направат најдобрите видеа со нивните камери.

На „YouTube“ веќе има над 23 милиони видеа направени со камера од „GoPro“. Компанијата смета дека има место за уште.



Секоја недела, компанијата ќе доделува 5.000 долари за најдобро уредување на видео, 1.000 долари за најдобро видео и 500 долари за најдобра фотографија.

Учесниците ќе може да конкурираат во категориите: акција, авантра, животни, семејство, мотоспортови, музика, наука и патување.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија