X
 16.10.2015 Култура

Работи кои Бил Гејтс ги предвидел уште во 1999 година, а ги имаме денес

Во далечната 1999 година, Бил Гејтс ја напишал книата „Business at the speed of thought“ во кој предвидел работи кои ќе се случат во иднина, а кои во тоа време изгледале неверојатно.

 

гејтс


Но, неговите прогнози навистина се реализира. Еве што тој предвидел.

Страна за споредување цени

Во книгата Гејтс пишува дека ќе биде развиен сервис кој ќе ги споредува цените и кој на луѓето ќе им дава можност да ги погледнат цените на разни страни за лесно да го пронајдат најевтиниот производ. Сега доста лесно можете да пронајдете производ и со помош на Google или Amazon да ги споредите цените.

Мобилни уреди

„Луѓето ќе носат мали уреди со себе кои ќе им овозможат постојано да бидат во контакт, без оглед на тоа каде се наоѓаат. Тие ќе можат да читаат вести, да гледаат летови кои ги резервирале, да се информираат во врска со финансискиот пазар“, пишува Гејтс во книгата. Паметните телефони и часовите сега го прават сето она за кое тој напишал.

Онлајн плаќање, подобро здравство благодарение на интернетот

„Луѓето ќе ги плаќаат своите сметки, ќе ги следат финансиите и ќе комуницираат со своите доктори преку интернет“. Иако технологијата не успеа многу да го промени здравственото осигурување, сепак постојат страни кои можат да ви помогнат полесно да пронајдете доктори и да закажете преглед. Истотака, можете да позајмувате пари преку интернет и да плаќате со помош на PayPal и Venmo.

Личен асистент и Internet of things

„Ќе бидат развиени лични асистенти. Тие ќе ги поврзуваат нашите уреди на паметен начин, без разлика дали сте дома или во канцеларијата и ќе ви овозможи без проблем да разменувате податоци. Уредите ќе ја проверуваат електронската пошта наместо вие, а ќе ви прикажуваат информации кои ве интересираат. Кога ќе одите во продавница, може да побарате да ви прикаже некои рецепти кои ќе сакате да ги приготвите, и ќе ви состави листа на производи кои треба да ги купите“, пишува Гејтс. Денес, достапен е Google Now, паметен асистент за мобилни уреди. Во меѓувреме, паметните уреди како што е Nest, собира информации врз основа на вашите дневни рутини и автоматски ја мести температурата во станот.

Онлајн надгледување на куќата

„Постојаната видео снимка на вашата куќа ќе стане вообичаено. Ќе бидете информирани кога некој ќе ве посетува“. Денес можете да купите камери за надгледување на куќата.

Социјални мрежи


„Приватните сајтови на вашите пријатели и семејство ќе бидат вообичаени. Ќе можете да разговарате и да се договарате“. Социјалните мрежи како што се Фејсбук, Инстаграм и Твитер денес им се достапни на сите луѓе.

Автоматизирани промотивни понуди


„Софтвер кој знае каде сте резервирале патување и кој ја користи оваа информација за да ви понуди активности на оваа локација. Нуди разни активности, попусти, понуди и евтини цени за се` што ви се допаѓа“. Понудите на страните кои нудат патувања како што се Expedia и Kayak во голема мера се засноваат на податоци на претходното плаќање, односно некое претходно патување. Google и Facebook рекламите можат да понудат промотивни реклами во зависност од локацијата на корисникот и неговите интереси.

Страни кои ги коментираат преносите на спортските случувања


„Додека вие гледате некој натпревар на телевизија, овие сервиси ќе ви овозможат да диксутирате за тоа што се случило во живо, и ќе можете да учествувате во некој натпревар и да гласате за оној кој мислите дека ќе победи“. Денес социјалните мрежи и форумите го овозможуваат тоа, а дефинитивно водечки лидер е Твитер.

Паметни реклами

„уредите ќе имаат опција за паметно огласување. Тие ќе знаат што сакате да купувате и ќе прикажуваат реклами кои ви се наменети вас, и на она што го сакате“, пишува Бил Гејтс. Доста онлајн огласувачи ја нудат оваа опција која врз основа на вашите кликнувања, лични интереси и начини на кои ги купувате работите ги прикажуваат рекламите.

Линкови до страни во текот на пренес во живо

„Телевизискиот пренос ќе опфаќа и линкови од релевантни страни и содржини кои го пополнуваат она што го гледате“. Скоро секој жив пренос на спортски натпревар има линкови со реклами до друга страна.

Онлајн дискусии

„Жителите на градовите и државите ќе можат преку интернет да дискутираат за проблемите како што е безбедноста, локалната политика итн“. Денес, многу страни со вести имаат дел со коментари кадешто луѓето можат да коментираат. Твитер и Фејсбук играат голема улога во политичките револуции во Либија, Египет и Тунис.

Онлајн страни базирани на интереси

„Онлајн страните ќе бидат направени врз основа на вашите интереси, а не на вашата локација“. Сите видови на страни со вести се фокусираат на одредена тема. Многу страни со вести нудат подобра покриеност на некоја тема.

Софтвер за управување на проект


„Менаџерите на проект кои планираат да направат тим ќе можат тоа да го сторат преку интернет - тие ќе го опишат проектот и ќе добијат препораки врз основа на описот. Можат да добијат информации во врска со луѓето кои одговараат на проектот“. Илјадници софтвери и фирми го менуваат начинот на кој го создаваат тимот и на начинот на кој ја доделуваат работата.

Онлајн регрутирање

„Луѓето кои бараат работа ќе бидат во можност да пронајдат работодавец онлајн и во зависност од своите интереси, потреби и совладани вештини“. Страните како што се ЛинкедИн им овозможуваат на корисниците да ја постават својата биографија и да пронајдат работа врз основа на нивните потреби и интереси.

Бизнис софтвер


„Компаниите ќе можат да ги дадат своите понуди за работа, без оглед дали станува збор за градежен проект, производство на филмови или рекламна кампања. Ова ќе биде ефикасно за двете компании“. Софтверите на компаниите се фокусирани на социјален аспект, за корисниците да можат да дојдат до други претприемачи и да започнар разговор кој може да ги доведе до поголеми проекти директно низ апликации.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура