X
 20.10.2015 Образование

Мобилност на студентите од ЕУ: Број на студенти кои заминале од земјата на студии во странство

Во периодот од 2005 до 2012 година, во Велика Британија на студии годишно се запишале просечно 167.337 странски студенти. За споредба, просечно само 12.475 домашни студенти заминале на студии во странство годишно. Тоа е најголемата разлика во бројките на европски студенти кои запишале студии во земјата и број на домашни студенти кои заминале на студии во странство меѓу земјите во Европската унија.


Податоците ги извадија „Статиста“, а од нив гледаме дека најмногу студенти заминале на студии во странство во Германија (77.662), Франција (47.712) и Италија (40.200) во периодот од 2005 до 2012 година. Бројките го претставуваат просекот изваден од податоците од 2005 до 2012 година и се однесуваат на период од една година. 





Меѓу земјите вклучени во анализата, оние во кои бројот на студенти кои заминале на студии надвор е поголем од бројот на странски студенти кои запишале студии во земјата се: Норвешка, Исланд, Финска, Словачка, Словенија, Романија, Португалија, Малта, Литванија, Летонија, Кипар, Италија, Хрватска, Франција, Шпанија, Грција, Ирска, Естонија и Бугарија.


Кога станува збор за обратното сценарио, односно земјите кадешто бројот на странски студенти во земјата е поголем од бројот на домашни студенти кои запишале студии надвор се помалку, а тука се наоѓаат: Белгија, Чешка, Данска, Германија, Унгарија, Холандија, Австрија и Велика Британија.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование