Ранг-листата „QS“ секоја година ги претставува најдобрите универзитети во светот. Оваа година, на првото место на листата се најде Технолошкиот институт во Масачусетс, САД. Истиот универзитет беше прв и изминатата година.
Листата од првите десет изгледа вака:
1. Технолошки институт во Масачусетс, САД.
2. „Харвард“
3. Универзитет во Кембриџ
4. „Стенфорд“
5. Технолошки институт во Калифорнија
6. Универзитет во Оксфорд
7. Универзитетски колеџ во Лондон
8. Империски колеџ „Лондон“
9. Федерален институт за технологија во Цирих
10. Универзитет во Чикаго.
Од
листата може да се забележи доминација на американските универзитети, што е случај и доколку се погледне листата од 200-те најдобри универзитети. Имено, од 200-те најдобри, 48 институции се од САД. Малку зад САД заостанува Велика Британија со 29 институции на листата.
Погледнете ја интерактивната мапа за бројот на универзитети кои се нашле на листата од 200 најдобри универзитети според земјата.