X
 23.10.2015 Технологија

Инстаграм ја претстави новата апликација за корисниците

„Инстаграм“ ја претстави својата најнова апликација вчера. Се работи за апликација за снимање видео наречена „Boomerang“.


Апликацијата им помага на корисниците да создаваат интересни кратки анимации кои би биле пуштани одново по завршувањето - слично како гифовите.


Во својата официјална објава за новата апликација, од компанијата поседувана од „Facebook“ напишаа: „Boomerang зема повеќе фотографии и ги спојува во квалитетно кратко видео кое постојано оди. Може да биде портрет или пејзаж. Се споделува на Инстаграм. Апликацијата автоматски го зачувува во галеријата. Инспирирани сме од визуелните приказни кои ги раскажувате на Инстаграм“.


Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија