X
 23.10.2015 Образование

УТМС по втор пат добитник на наградата Super Brands

СУПЕРБРЕНД ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА 2015/16 ГОДИНА

Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, по втор пат го понесе епитетот најдобар во високото образование- Superbrand во Република Македонија за 2015/2016 година.



Ова признание е уште една потврда за квалитетот што девет години наназад УТМС го гради и негува, секојдневно работејќи на поддигање на условите, при тоа следејќи ги светските норми за квалитет и методологија во сферата на образовниот процес.

Superbrands е меѓународна организација специјализирана за брендинг, денес активна во 92 земји во светот. Почетоците на најпопуларните брендови датираат од 1994 година, кога ББЦ Лондон, медиумски ги преставува најдобрите брендови и тајните на нивниот успех. Надгледувањето на процесот на гласање е во склад со меѓународни стандарди, кои вклучуваат гласање од страна на потрошувачите и членовите на Стручниот совет.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование