Шведскиот институт секоја година доделува стипендии за студенти кои потекнуваат од земјите на Западниот Балкан кои ќе успеат да се запишат на постдипломски студии во скандинавските земји.
Така и оваа година на студентите од балканските земји ќе им бидат доделени стипендии кои ги покриваат сите трошоци за живеење и како и целокупната школарина на универзитетот, на кој студентот ќе биде примен, во период од најмногу 2 години.
Апликациите за стипендии во Шведска можат да ги поднесуваат студентите од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија, а апликациите можат да се поднесат до 13 февруари 2016 година.
Крајниот рок на пријавување на кандидатите за постдипломски е 15 јануари 2016 година.
Школарината директно ја плаќа Шведскиот институт на универзитетот на кој студентот е запишан, додека стипендијата му се исплатува на студентот, а изнесува околу 1.000 евра месечно. Освен тоа, платени се и сите патни трошоци за студентите во висина од 540 евра.
Откако во Шведска е воведена школарината за странски студенти, бројот на студенти од доаѓаат од земјите надвор од ЕУ значително е намален во изминативе неколку години. Бизнисмените и универзитетите во земјата, предупредуваат дека привлекувањето на талентирани и успешни странски студенти е најдобар начин Шведска да остане конкурентна во светот.
Шведска има 42 јавни високообразовни институции и нудат повеќе од 500 магистерски студии во повеќе научни области на англиски јазик.
Универзитетите во Лунд и Упсала често се наоѓаат на листата на 100 најдобри универзитети во светот, што ги става меѓу елитата на најпознатите и најценетите високообразовни институции во светот, додека Медицинскиот факултет на Каролинскиот Институт се наоѓа меѓу најпрестижните факултети во Европа, и го зазема 32-то место на глобално ниво. Во областан на инженерството и технологијата, се издвојува Кралскиот институт за технологија во Стокхолм.