X
 11.11.2015 Образование

Експерт за меморија ве учи нешто што нема да го заборавите

Дали знаевте за постоењето на натпреварот во меморија? Такви натпревари се одржуваат и на глобално ниво. Во нив, експерти во помнењето се натпреваруваат во помнење најмногу единици и нули по ред во 30 минути. Моменталниот рекорд е над 4.000 цифри. Овие генијалци користат техники за помнење за да ја подобрат својата меморија.


Светскиот шампион во меморија Доминик о Брајан има напишано книга за својот тренинг и подготовките за натпреварите во помнење. Во книгата пишува за методите кои ги користи, некои од кои се стари 25 векови. Она што ние не го знаеме, а Доминик го знае е едека нашиот нервен систем е поврзан со сè што предизвикува емоција, што е интересно, што е интересно и, најмногу од сè, лично. Што значи тоа на практично ниво?

Учењето нека биде музикално

Голем дел од традиционалното учење доаѓа во облик на мали вербални реченици, без разлика за кој предмет се работи. Речениците се тешки за помнење сами по себе. Претворањето на речениците во мали музички делови (идеално, со мелодија која ја знаете и сакате), го олеснува учењето и го прави забавно.

Учењето нека биде визуелно

Доколку сакате да запомните нешто специфично, поврзете го со креативна слика. Таквите слики ќе изгледаат смешно, но поради тоа подолго ќе ги помните, заедно со речениците.

Учењето нека биде човечно

Учењето работи кои не можат да се замислат, како структура на клетки или облик на митохондрии, може да биде лесно доколку овие нешта се поврзат со работи што ви се познати, особено луѓе. Замислете ги сите тие нешта како ликови од вашиот живот или фиктивни ликови. Тогаш сцената ќе оживее и ќе ги запомните структурите кои треба да ги знаете.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование