X
 13.11.2015 Настани

Македонија 2025 најавува бесплатен настан кој е дел од Македонскиот Економски Самит

Самитот е водечка регионална платформа за споделување на знаење

Македонија2025 најавува бесплатен настан кој е дел од Македонскиот Економски Самит и е посветен исклучиво на младата популација. „Разговор со лидерите“ со поднаслов „Младите професионалци како поттикнувачи на економскиот развој“ е моделиран според ТЕД говорите, каде што говорниците имаат десет минути за да ги пренесат нивните најкорисни совети. Организаторот се погрижи говорниците да бидат од поширок спектар на области и ниво во кариерата, со цел да бидат доловени разновидни искуства и совети. Освен луѓе што имаат долгогодишно искуство во своите професии, како Мајк Зафировски, Лу Наумовски и Џим Дан, ќе зборуваат и млади професионалци кои постигнале значаен успех и се стекнале со одговорни улоги во компаниите каде што работат. „Разговор со лидерите“ е дел од заложбата на Македонија2025 да поттикнува развој на претприемништво и лидерски вредности кај младите, кои играат значајна улога во развојот на економијата и општеството.



На главниот дел на Самитот, еден од панелите ќе биде посветен на предизвиците што ги соочуваат земјите во Југоисточна Европа, вклучувајќи ја и Македонија. На овој панел клучниот говор ќе го даде поранешниот премиер на Грузија, кој важи за првиот вистински реформатор што и донесе напредок на оваа земја, господинот Ника Гилаури. Мајк Зафировски ќе зборува за водечките процеси што се потребни за суштинска трансформација на економиите во овој дел на Европа. На панелот, аналитички увид за предизвиците и промените ќе дадат и други искусни експерти во областа на банкарството и економијата како господинот Бранко Богунович од Хорват Консултинг од Хрватска, Газменд Кадриу од Уни Банк во Албанија и госпоѓата Бранка Павловиќ од Охридска Банка во Македонија, меѓу останатите.


Несомнено е дека самитот ќе оствари впечатлив учинок на начинот на кој во Македонија се води бизнис и во тоа како земјата се поврзува со регионот и остатокот од Европа. Од организаторот се убедени дека говорниците ќе делуваат инспиративно во обидот да се прошират перцепциите што домашните претприемачи го имаат во поглед на успехот. Меѓу другото, досега своето учество го потврдија претставници на познати компании од широк спектар на индустрии што претставува можност за стекнување нова соработка. Дел од тие компании  се McKinsey & Company, Horwath Consulting, General Electric, SAP, Oracle, Panasonic, Data Talks, Detecon, Bel Medik, Austrian Airlines, Pacific Institute, Viral Nova, LittleThings. Освен компаниите од странство, на самитот ќе и голем број претставници на домашни компании. На самитот севкупно ќе има повеќе од 40 говорници од повеќе од 20 земји, 27 спонзори и повеќе од 250 учесници.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Настани