Еден професор по физика кој предава во гимназија во полски град можеби ќе добие отказ поради една задача која им ја дал на своите ученици. Имено, професорот на своите ученици им дал задача да пресметаат колку сириски бегалци мораат да се фрлат од бродот за тој безбедно да доплови до грчкиот брег, пренесува „Бета“.
Задачата во целост гласела: „Четворица бегалци од Сирија се обидува да дојде до Грција на брод со димензии 1х2мх20цм. Пресметај колку бегалци треба да се турнат од бродот во морето за тој да стигне до целта доколку секој има 60 килограми“.
Учениците биле шокирани од задачата, додека нивните родители веднаш побарале преземање мерки против професорот. На професорот му било кажано дека ќе биде отпуштен со следниот таков инцидент, но со оглед на тоа што приказната стигнала до медиумите, работите може да се променат.
Niestety, autentyk. Takie zadanie podyktował jeden z nauczycieli społecznej szkoły w Białymstoku. Nawet nie wiem, jakich słów użyć, by to skomentować...
Posted by Anna Mierzyńska on Monday, November 9, 2015
Професорот изјавил за медиумите дека „учениците претходно имале задачи во кои го граделе бродот, па оваа била логично продолжување. Тоа нема никаква врска со некаков мој расистички пристап. Немам ништо против бегалците“.