X
 19.11.2015 Живот

Временска прогноза за викендот што следува и какво време да очекуваме од наредна недела



Во Македонија во четврток во утринските часови ќе има појава на магла. Во текот на денот ќе биде сончево и топло. Слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од -1 до 7 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 14 односно до 23 степени. Воздушниот притисок ќе има вредност околу 1023 хектопаскали.

Во Скопје во четврток во утринските часови ќе има појава на магла. Во текот на денот ќе биде сончево и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 4 степени, а максималната дневна до 19 степени.

Во петок сончево и топло со мал пад на дневните температури кои ќе се движат од 12 до 21 степен. Во сабота умерено облачно со повремени сончеви периоди, попладне услови за сосема слаб дожд да има во крајните западни предели. Во недела облачно со врнежи од дожд и силен ветер, а максималните температури ќе се движат од 9 до 17 степени. Во понеделник умерено облачно со сончеви периоди, попладне и навечер со услови за врнежи од дожд.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот