X
 24.11.2015 Култура

HBO потврди: Џон Сноу е жив и се враќа во 6-та сезона

Реално е. Вистина е. Интернетот експлодира откако официјалниот профил на „Game of thrones“ на Твитер објави фотографија од актерот Кит Харингтон со крваво лице.

 

kit


Последниот пат кога го видовме Џон Сноу, тој изгледаше мртов откако беше прободен од колегите од „Night's watch“ затоа што бил предавник за време на Битката на Хардхом во финалето од 5-та сезона. Оттогаш, постојано кружат гласини за тоа што ќе доведе следниот расплет на настаните.

Шпекулациите низ интернетот велеа дека нашиот омилен лик нема да се врати, меѓутоа подоцна Харингтон беше забележан за време на снимањето во Северна Ирска, во костум, со што потврди дека ќе биде дел од 6-та сезона на серијата.

„Ајде да речеме дека „Game of thrones“ ќе остане дел од мојот живот подолго време, па веројатно ќе бидам во моите 30-ти години кога ќе заврши“, изјави тој во септември.

Се`уште не е познато што ова значи, меѓутоа голем број фанови шпекулираат дека Мелисандра ќе го оживее Сноу, меѓутоа тој ќе изгуби дел од неговата душа во текот на процесот. Сигурно е дека ќе биде вклучена некаква магија, со оглед на тоа што беше прободен многу пати.

Точниот датум на премиерата на 6-та сезона наскоро ќе биде откриен.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура