X
 27.11.2015 Забава

Северно-корејците мораат да ја копираат необичната фризура на нивниот владетел

koreja

 

Северна Кореја започна акција чијашто цел е дисциплинирање на граѓаните кои имаат долга коса. Тие отсега, по новите одредби, мораат да ја копираат „амбициозната фризура“ на државниот лидер Ким Јонг-ун.


Властите во главниот град Пјонгјанг издадоа наредба дека мажите не смеат да имаат коса подолга од 2 сантиметри. Исто така, тие им предлагаат, во чест на големиот водач, да ја копираат неговата фризура, карактеристична по избричаниот дел околу и над ушите.

 

koreja


Ни жените не биле поштедени од овие апсурдни правила: им било наредено да направат фризура по примерот на првата дама Ри Сол-ју, сопругата на севернокорејскиот лидер. Единствен исклучок се актерите и изведувачите кои не мораат да имаат ваква фризура. Владата е до толку одлучна што насекаде се шетаат супервизори со ножици во раката и им ја стрижат косата на оние за кои мислат дека косата им е предолга.

Аналитичарите велат дека Ким Јонг-ун со фризурата се обидува да лични на својот дедо Ким Ил Сунг, основачот на Северна Кореја, а некои сметаат дека младиот диктатор имал неколку пластични операции за повеќе да личи на неговиот дедо.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава