X
 07.12.2015 Живот

Генерација алфа - што е тоа и како ќе го промени светот?

Генерацијата „Зет“ (ориг. Z) е популарно име за сите родени по 1990-та година. Аналитичарите од „Голдмен Сакс“ коментирале дека оваа генерација би била најмалку влијателна ккао генерација „Уај“ (ориг. Y). Што доаѓа потоа?


Секоја генерација се разликува по нешто и на одреден начин влијае на светот. Така, генерациите Z и Y растат и се раѓаат со најновите технологии. Футуристот, демограф и говорник на ТЕД-ех, Марк Меккриндл води кампања во која целта му е сите родени по 2010-та година да бидат дел од таканаречена „генерација алфа“.

Според него, секоја недела ширум светот се раѓаат 2,5 милиони „припадници“ на таа нова генерација. Оваа генерација ќе расте со таблетот во рака и никогаш нема да живее без смартфон или интернет, смета Марк.

„Во минатото, поединецот немал речиси никаква моќ сам по себе. Сега секој со технологијата ќе може да го контролира својот живот“, вели тој за „Бизнис инсајдер“.

Секој кој има помалку од 5 години денес припаѓа на оваа генерација, иако името сè уште не е официјално прифатено. Оваа генерација ќе влијае на светот.

До 2028 година Индија ќе ја надмине Кина во бројот на населението. Со повеќе достапни технологии и повеќе луѓе во светот, децата во земјите како Кина и Индија ќе заменат дел од источните традиционални вредности со глобални технолошки идеи.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот