X
 08.12.2015 Технологија

Домати за производство на автомобили и мерење на загаденоста на воздухот во реално време

Хенри Форд се интересирал за пластиката произведена од агрикултурни производи, како соја, пред повеќе од еден век. Пластиката од соја се користела во „Форд“ во текот на 1930-те години за производство на делови од автомобили. Во 1942 година, компанијата патентирала автомобил направен речиси целосно од пластика кој тежел 30% помалку од челичните автомобили, а бил способен за издржување удари десетпати посилни. Овој автомобил работел на етанол, наместо на бензин. Дизајнот никогаш не успеал на пазарот.


70-на години подоцна, истражувачите и инженерите во „Форд“ се враќаат на старите идеи на основачот на компанијата и создаваат автомобилски делови од соја во сите возила на „Форд“ за американскиот пазар. Со ова се намалува испуштањето на јаглерод диоксид и се заштедува бензин.

Освен соја, за производство на автомобилски делови кои ќе бидат пооддржливи и поефективни „Форд“ користи ориз, пченка, слама од пченица, природни влакна, природна гума од цвет и остатоци од храна.





На работилницата за иновации наменета за медиумите од Европа, која се одржа во Ахен, Германија изминатата недела, беа демонстрирани начините на кои се користат природните материјали во производството на пластичните делови за автомобилите на „Форд“. Меѓу другото, дознавме и за соработката со „Хајнц“, компанијата за производство на прехранбени производи, од кои најпознат е кечапот. Имено, наскоро ќе започне користење на остатоците од доматите кои се користат за производство на кечап за производство на автомобилски делови.


Екологијата беше главна тема на многу разговори за време на работилницата за иновации на „Форд“. Во поглед на испуштањата на штетни издувни гасови, во компанијата се работи на мерење на загаденоста веќе седум години. Инженерите се фокусираат на азот диоксидот, кој е присутен повеќе од дозволено поради неговото испуштање од автомобилите.

На работилницата беше претставен систем за мерење на присуството на гасот во воздухот, кој засега е во фаза на тестирање.



„Нема сомневање дека најголем дел од азот диоксидот во воздухот доаѓа од превозните средства. Во Европа, 39% од гасот доаѓа од возилата. Добрата вест е тоа што се воведуваат регулативни мерки за намалување на издувните гасови од автомобилите и сите ќе мора да се обврзуваме на истите. Форд го води истражувањето за ефектите на овие мерки во иднина. Откриено е дека за приближно 30 години, веројатно 100% од возилата ќе го намалат испуштањето штетни гасови во воздухот“, изјави Рајнер Вогт од истражувачкиот центар на „Форд“ во Европа.







Поддржано од „Ford | Ми-Да Гранд Моторс“.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија