X
 08.12.2015 Економија

Финансиски најписмените земји и рангот на Македонија на листата

„Standard & Poor's“ спроведе истражување во кое опфати 140 земји низ светот. Според истражувањето, во Македонија има само 21% финансиски писмени Македонци. На врвот на листата се наоѓа Данска со 71% финансиска писменост на возрасното население.


На регионот на поранешна Југославија, финансиски најписмени се Црногорците (48%), Словенците и Хрватите (44%) и Србите (38%). Во Босна и Херцеговина финансиската писменост меѓу населението изнесува 27%, а во Косово 20%.

Истражувањето покажало дека финансиската писменост на жителите не зависи и од силата на економијата, па така во Јапонија процентот на финансиска писменост изнесува 43%, во Јужна Кореја 33%, Кина 28% и Индија 24%.

Финансиски најписмени се државјаните на скандинавските земји. Во Данска, Норвешка и Шведска 71% од возрасното население е финансиски писмено, а во Финска процентот изнесува 63%. Од останатите земји најписмени се Британците (67%), Германија (66%), Австралија (64%), Холандија (66%), Нов Зеланд (61%), САД и Швајцарија (57%) и Франција (52%).

Финансиската писменост е најниска во Јемен (13%), Албанија, Авганистан, Ангола, Сомалија и Таџикистан.

На глобално ниво, 35% од мажите се финансиски писмени, додека кај жените бројот е помал за 5 проценти.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија