X
 08.12.2015 Технологија

Патент од Google ќе го елиминира боцкањето со игли при земање крв

„Google“ стои зад нов патент за „паметен часовник“ кој може да зема мал примерок од крв без да користи игла. Овој уред би можел да им помогне на пациентите од дијабетес полесно да ги следат нивоата на глукоза во крвта низ денот.


Моментално, дијабетичарите треба да се боцкаат во прстот и да користат мерач на глукоза во крвта повеќепати дневно за да ги одржуваат нивоата на инсулин во крвта под контрола. Но, врз основа на податоците кои се познати, новиот уред на компанијата лесно би можел да го замени тој систем со нешто помалку болно и поавтоматско.

Изумот е во фаза на патентирање, па не се знаат точните детали, но имаме малку информации за него. Имено, изумот би испуштал гас во предмет кој би ја боцнал кожата да предизвика мала капка крв, која би се зачувувала автоматски во уредот.


Секако, само затоа што компанијата стои зад патентот не мора да значи дека ќе го видиме изумот наскоро. Компанијата изјавила за „The Verge“ дека тие имаат „патенти за многу идеи, а некои од нив подоцна се развиваат во вистински производи или услуги, но некои не“.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија