X
 09.12.2015 Живот

Норвешка ќе им плаќа на азилантите да се вратат во своите земји

Норвешка ќе им плаќа на азилантите да се вратат дома додека трае бегалската криза. Секое лице кое волонтерски ќе ја напушти земјата ќе добие илјадници долари. Освен тоа, ќе бидат подмирени и трошоците за патување.


Катинка Хартман, претседател на Одделот за имиграција на Норвешка, изјави дека многу од луѓето кои доаѓаат од Сирија, Ирак, Средниот Исток и Африка очекуваат да добијат заштита брзо и не можат да чекаат месеци или години за процесот за барање азил.

„Тие имаат семејства дома кои очекуваат од нив да им помогнат“, изјави Хартман.

Долго време, Норвешка не можела сосила да ги враќа луѓето во Сомалија, но сега може. Хартман смета дека многу азиланти од оваа земја имаат обврска да заминат со дополнителната помош. Инаку, податоците од одделот покажуваат дека досега се пријавиле над 900 луѓе за оваа финансиска помош за напуштање на Норвешка.


Еден пар со две деца би можел да добие до 5.000 долари покрај платеното патување назад.

Меѓународната организација за миграција, која ја процесира програмата за волонтерско враќање назад со финансиска помош и доделува совети за азилантите, ја опишува иницијативата како „безбедна и достоинствена“.

Луѓето на кои им било одбиено барањето за азил, исто така, може да се пријават за финансиска помош за враќање дома.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот