Според анализата на МЕПСО за функционирањето на пазарот на електрична енергија во 2015 година, ЕДС има најголем процент на предадена електрична енергија кон потрошувачи во период од јануари до август тековната година.
Во својот осврт, македонскиот електропреносен систем оператор ги има земено предвид сите учесници на пазарот на електрична енергија. Тоа вклучува 60 самостојни учесници, 250 учесници кои настапуваат преку снабдувачи на електрична енергија, 32 трговци и снабдувачи на електрична енергија и 6 балансни групи составени од снабдувачи, потрошувачи и производители на електрична енергија. Компанијата за доставување на електрична енергија, ЕДС се издвојува од преостанатите трговци и снабдувачи на пазарот со висок процент од 45.62 отсто.
„Анализата на ова единствено авторизирано тело за контрола и регулација на пазарот уште еднаш потврдува дека ЕДС е компанија што овозможува најдобри услови за своите клиенти, најповолни цени, расположлива експертиза, квалитетна и навремена дистрибуција. Тоа не е изненадување за нас, затоа што за тоа работиме, дадовме ветувања на нашите клиенти и партнери и исполнивме секое едно нив. Но, морам да напоменам дека првото место на листата за набавена и предадена електрична енергија на слободниот пазар е резултат и се должи и на големата баланса група позади ЕДС што исто така е дел од нашите ветувања и гаранции за крајните потрошувачи“, изјави Кочо Анѓушев, Генерален извршен директор на ЕДС.
ЕДС во анализата на МЕПСО, предводи и според учеството на балансните групи на слободниот пазар на електрична енергија. Споредено процентуално, 53.50 отсто или повеќе од половина од слободниот пазар на електрична енергија му припаѓа на балансната група на ЕДС. Моќноста на оваа доминантна балансна група ја обезбедува предноста, квалитетот на доставата и преферираната цена, пониска за 30 отсто од сегашната.
Според ова ЕДС се потврдува како лидер на пазарот со најголем процент на набавена електрична енергија на слободниот пазар и најголема балансна група.
Присуството на ЕДС на пазарот на електрична енергија и поволните понуди на цената на електрична енергија, придонесуваат за демонополизација на пазарот и создавање на конкурентност преку професионална експертиза и квалитет. Покрај најмоќната балансна група, ЕДС уште располага и со лиценцирани брокери на светските берзи на електрична енергија, што влијание врз постојаноста на договорената цена на електрична енергија