X
 17.12.2015 Живот

Одговор на професорот на прашањето зошто никогаш не се оженил

Понекогаш митовите и усмените традиции кои се пренесуваат од колено на колено имаат што да го научат човек, а токму ова е случајот и со оваа приказна.

 

1


Имено, во поучната приказна се раскажува за тоа како студентите го прашале својот професор зошто никогаш не се оженил иако е личност со доста добри карактеристики. Неговиот одговор многу ги зачудило и изненадило.

„Студентите на еден час го прашуваат својот професор:

„Вие сте толку мудри и искрени. Сите ве почитуваат, сакаат да се однесуваат како вас и да ве следат. Но сепак, нас не` интересира една работа - зошто никогаш не сте се ожениле?“

Професорот, на почеток бил збунет поради прашањето, меѓутоа за брзо време започнал да им раскажува:

„Гледајте, јас секогаш ја барав совршената жена. И во оваа потрага патував низ многу земји. Еднаш сакав една прекрасна девојка. Беше неверојатно убава. Ниту еден маж не можел да и` одолее на таа убавина. Но, за жал нејзината душа немала таква убавина, па после некое време раскинваме.

После тоа сретнав уште една млада девојка. Таа беше и убава и паметна и образована. Но за жал, карактерите ни беа различни, па решивме на врската да и` ставиме крај. Од тогаш видов преубави жени, но се`уште ја немав пронајдено мојата совршена“.

„И што се случи, зар никогаш не сретнавте таква жена?“, го прашале студентите.

„Ох, ја сретнав, да! Еден ден се појави токму таква жена: совршена - паметна, убава, шармантна, елегантна, духовита, добра, едноставно кажано: вистинско совршенство!“

„И, дали тогаш се оженивте?“, воодушевено и нетрпеливо го запрашаа студентите.

„Не. На мое големо разочарување, излезе дека таа бара совршен маж! Многу луѓе бараат совршенство во другите луѓе, но не работат на сопственото совршенство!“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот