X
 18.12.2015 Образование

Еве кој ќе одлучува кому ќе му се даде или одземе акредитација



Одборот за акредитација и евалуација на високото образование, веќе неколку години, освен што дава решенија за почеток со работа на нови високообразовни инстутуци, има законска обврска и да ја контролира работата на универзитетите. Согласно тоа, има ингеренција и да одзема веќе издадени акредитации.

Денеска ова тело, чиј претседател е проф. д-р Горазд Росоклија, ја одржало првата седница во нов состав. Ова се професорите кои се членови на Одборот: Академик Владо Камбовски, проф. д-р Трајко Славески, проф. д-р Гоце Наумовски, проф. д-р Зехра Хајрулаи - Муслиу, проф. м-р Жарко Башески, проф. д-р Христијан Мицковски, проф. д-р Гордана Богоева Гацова, проф. д-р Тања Каракамишева Јовановска, проф. д-р Тони Дескоски, проф. д-р Деан Илиев, доц. д-р Александар Стојков, д-р Александар Митов, доц. д-р Арбен Челику, проф. д-р Саша Митрев, проф. д-р Јетон Шасивари, проф. д-р Томе Неновски, проф.д-р Драги Ѓорѓиев, доц. д-р Беким Фетаи, доц. д-р Фестим Халили. Светлана Ристовска Антиќ е именувана како член од Организацијата на работодавачите , а членови-студенти се Трајче Митев и Кирил Спироски.

Овие 23 членови, како што налага Законот за високо образование, треба да контролираат каков квалитет нудат и државните и приватните високообразовни институции во државата. Ако некоја студиска програма или факултет не произведува квалитет, таа се соочува со укинување, односно затворање.

Овој одбор дава решенија за почеток со работа на конкретни студиски програми, кога се основаат нови факултети и универзитети. Врши и контрола врз квалитетот на наставата. Државните просветни инспектори, пак, имаат законска обврска да следат дали високообразовните институции работат во согласност со Законот за високо образование.

Одборот од пред некоја година е сместен во Градскиот трговски центар.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование