X
 21.12.2015 Образование

Како до успех на училиште? Од децата барајте многу, но не премногу!

Високите очекувања добро влијаат на учењето на децата, но само доколку родителите не станат нереални во нив.


Училишниот успех кај децата е поголем кога родителите имаат високи очекувања од нив, но доколку границите се поставени многу високо, добрите оцени може да недостасуваат, покажува истражување кое го објави Американското здружение на психолози.

Родителските амбиции може да влијаат негативно, вели Кои Мурајама од Универзитетот во Рединг, главен истражувач во студијата во која било мерено нивото на аспирации на родителите и споредено со резултатите на нивните деца.

Било откриено дека високите очекувања добро влијаат на детското учење, но само доколку тие се умерени. Во случај кога очекувањата на родителите се нереални и неразумни, односно кога тие не ги сфаќаат потенцијалите на своите деца, децата имаат полоши резултати на училиште.

„Досега науката ги советувала родителите едноставно да се стремат високо, па и децата ќе постигнат многу. Всушност, слепата амбиција е штетна и родителите мора за почеток да знаат колку нивните деца навистина можат“, порачва Мурајама.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование