X
 22.12.2015 Живот

Никогаш не кажувајте некому дека го сакате, ако не го чувствувате тоа

Писателот и поет Џејмс К. Фланган  во Њујорк им оставил на неговите внуци, од кои најмладото има 5, а најстарото 11 години, писмо со бројни совети кои ги стекнал во неговото долго животно искуство.

 

деца


На 3 септември 2012 година тој ненадејно починал од срцев удар, а писмото било објавено со дозвола на неговата ќерка Рејчел Креигтон.

Драги Рајан, Конор, Брендон, Чарли и Мери Катарина

Мојата драга и мудра ќерка Рејчел од мене бараше да запишам некои совети за вас што сум ги научил во животот.

Го започнувам писмото на 8 април 2012 година, точно на мојот 72 роденден.

1. Секој од вас е најубав дар од Бога за вашето семејство и за целиот свет. Сетете се на тоа секогаш, особено кога се сомневате во себеси и кога сте обесхрабрени.

2. Не плашете се од никој и ништо и живејте со полни гради. Следете ги вашите желби и надежи без оглед на тоа колку се тешки и колку се разликуваат од другите. Луѓето често не работат она што го сакаат или што би требало бидејќи постојано размислуваат што другите ќе мислат и ќе кажат. И запомнете една важна работа - луѓето кои не ви носат пилешка супа кога сте болни или ако не се покрај вас кога сте во неволја, не се важни.

3. Сите ние сме само обични луѓе. Некои носат прескапа облека или имат големи титули и моќ и мислат дека се над сите, но не е така. И тие имаат исти стравови и желби, јадат, пијат, спијат како и останатиот нормален свет.

4. Кога ќе порасните и добиете деца секогаш имајте ја на ум старата ирска поговорка: „Фалете ги децата и тие ќе цветаат!“

5. Бидете добри и секогаш помагајте им на луѓето - особено на послабите,  на оние кои се исплашени и на децата. Сите тие носат своја тага и потребна им е помош.

6. Немојте да се придружите на војска или било која друга
организација која ве тера да убивате. Војната е зло. Сите војни се започнати од стари луѓе кои ги имаат измамено младите мажи да мразат и да се убиваат едни со други. Старите преживуваат и како што ја започнуваат војната со пенкало и книга, така и ја завршуваат.

7. Читајте книги кога и да имате време. Тие се преубав извор на уживање, мудрост и инспирација.

8. Секогаш бидете искрени.

9. Патувајте кога и да имате можност, особено додека сте млади.  Не чекајте да имате доволно пари или додека сите коцки не бидат на  место. Тоа никогаш, ама никогаш не се случува.

10. Изберете работа или професија која ќе ја сакате. Нормално дека ќе има и тешки моменти, но работата мора да ви биде уживање.

11. Не викајте! Тоа никогаш не успева, а ве повредува и вас и  другите. Секогаш кога сум викал сум доживувал неуспех.

12. Секогаш исполнувајте ги ветувањата кои ги имате дадено на децата.

Немојте да велите „ќе видиме“ ако знаете дека одговорот е „не“. Децата очекуваат вистина и дајте им ја со љубов и добрина.

13. Никогаш не му велете на некој дека го сакате ако не го чувствувате тоа.

14. Живеете во хармонија со природата. Излезете надвор, прошетајте низ шумата, по планините, морињата, пустините. Доста е важно за душата.

15. Гушкајте ги луѓето кои ги сакате. Кажете им сега колку ви значат, не чекајте да биде предоцна.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот