X
 23.12.2015 Култура

Сакате да работите во Netflix? Ова се прашањата кои ги поставуваат за време на интервју за работа

Ако сакате да работите во Netflix, ќе треба да одговорите на некои тeшки прашања. Веб страната Glassdoor собра некои од најтешките прашања за интервју кои им биле поставени на луѓето за време на интервју за работа во оваа видео-стриминг компанија. Прашањата кои биле поставени помеѓу 2013 година и сега, зборуваат многу за самата компанија и нејзината култура.

 

netflix


Пред неколку години, Netflix објави резиме на својата менаџерска филозофија, која веднаш стана контроверзна поради недостатокот на политика за одмор, ставот за вработување на „истакнати“ работници и нејзината култура за „слобода и одговорност“ во која менаџерите на своите вработени им го даваат вистинскиот контекст во донесувањето на одлуките.

Ова се некои од прашањата.

1. Колку кофи боја ќе ви бидат потребни за да исфарбате едно крило на 747? - Кандидат за маркетинг менаџер

2. Како би создале и тестирале метрика за споредба на две ранг листи на корисници на Netflix за преференци за филм или телевизија? - Кандидат за постар научник за податоци

3. Што значи зборот емпатија? - Кандидат за репрезентативец за услуга на клиенти

4. Како би го тестирале антентскиот систем на најновиот ајфон? - Кандидат за постар инженер

5. Kaко би се справиле со работник кој често пати отсуствува од работа? - Кандидат за супервизор на одделот за услуга на клиенти

6. Клиент се јавува лут и изнервиран бидејќи го порачал детското шоу „Barney“ за нивното дете. Кога пристигнало цд-то, детето го отворило и го ставило во ДВД-то и го пуштило. Излегува дека е ужасен хорор филм. Што ќе направите? - Кандидат за претставник на услуги на корисници

7. Што би му кажале на некој клиент кој се јавува за да зборува за тоа како „Blockbuster“ е подобар од „Netflix“? - Кандидат за претставник на услуги на корисници

8. Со оглед на многуте влезни датотеки што го содржат иметна земјата, тв шоуата и бројот на прегледи за таа земја, напишете го кодот кој ги сортира емисиите според бројот на прегледи од гледачите - Кандидат за инженер за автоматизација

9. Кажете нешто што сте го направиле во минатото, но не сакате да го направите повторно - Кандидат за инженер

10. Што мислите за конкурентот на „Netflix“ и зошто го мислите тоа? - Кандидат за креативен координатор

11. Опишете ја вашата способност да се справите со многу проблематичен колега - Кандидат за инженер

12. Како ќе се справите со културната разлика од претходното работно место и „Netflix“? - Кандидат за инженер за обезбедување на квалитет

13. Кој е вашиот план од 90 дена ако ве вработиме? - Кандидат за претставник на услуга на корисници

14. Опишете кога последен пат сте утнале нешто во вашата претходна работа - Кандидат за координатор

15. Која е вашата омилена серија, шоу или филм и како сакате да ги гледате? - Кандидат за постар софтверски инженер

16. Објаснете како процесот работи од моментот кога внесувате http://www.Netflix.com во вашиот пребарувач и податоците се дадени на екранот - Кандидат за менаџер на софтверско инженерство

17. Кој од вашиот тим од вашата компанија кадешто работите сега ќе ве задржи, а кој ќе ве отпушти и зошто? - Кандидат за постар софтверски инженер

18. Колку луѓе сте отпуштиле - Кандидат за директор на инженерство

19. Да кажеме дека извршниот директор доаѓа кај вас на биро и ве прашува дали треба или не треба да навлеземе во недопрен пазар. Како ќе ја одредите големината на тој пазар и факторите кои „Netflix“ треба да ги земе во предвид пред да се одлучи да навлезе во тој пазар? - Кандидат за постар финансиски аналитичар

20. Како правите разлика помеѓу добар софтверски инеженр и одличен софтверски инженер? - Кандидат за менаџер на софтверско инженерство

21. Ако „Netflix“ бара да го прошири присуството во Азија, кои фактори треба да се искористат за да се оцени пазарот во Азија, и што компанијата може да направи за да го привлече пазарот? - Кандидат за постар финансиски аналитичар

22. Како би се справиле со вработен кој има проблем со присуството на работа кога нема политика за присуство во компанијата? - Кандидат за супервизор на услуга на клиенти

23. Кое било најтешкото прекинување со кое сте се соочиле во вашата работна историја? - Кандидат за супервизор

24. Како би ја утврдиле дали цената на претплата на „Netflix“ е навистина одлучувачки фактор за потрошувачот? - Кандидат за аналитичар на пазарот

25. Именувајте пет уреди на кои може да се гледа „Netflix“ - Кандидат за системски инженер

26. Како би се справиле со екстремен притисок за рок и ужасно темпо на работа? - Кандидат за инженер

27. Како би се справиле со менаџирање на некој кој е два пати постар од вас? - Кандидат за оперативен менаџер

28. Што би направиле доколку вие би биле извршен директор? - Кандидат за партнер на производна група
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура