X
 24.12.2015 Живот

Кој цитат од страна на светските лидери е прогласен за најдобар за 2015-та?

Американската веб страна „Washington post“ создаде листа на изјави на светските лидери, кои според мислењето на нивната редакција, најдобро ги одразуваат важните настани на годината која речиси заврши.

 

путин


Помеѓу клучните цитати се најде и реакцијата на рускиот претседател Владимир Путин за инцидентот со соборувањето на рускиот Су-24.

„Алах одлучи да ги казни турските власти одземајќи им го разумот“, искоментира рускиот претседател после соборувањето на Су-24.

Со тоа започна „војната со зборови“ помеѓу силите кои историски најмногу влијаеле врз регионот.

Во изборот на изјави се најде и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, чијашто изјава следуваше после обвинувањата дека купувал нафта од Исламската држава.

„Нема да останам во оваа фотелја ако сличните обвиненија бидат поткрепени со докази“, изјави Ердоган, кој додаде дека во ваков случај би поднел оставка.

Потребата за зајакнување на борбата против терористичките закани од страна на Исламската држава, стана една од главните тези оваа година. Со тоа, францускиот претседател Франсоа Оланд се најде на оваа листа.

„Франција е во војна“, изјави претседателот на Франција после серијата терористички напади во Париз на 13 ноември, во кој загинаа околу 130 лица.

Меѓу изјавите се најдоа и тие за бегалската криза. Германската канцеларка Ангела Меркел се најде на листата со изјавата: „Ќе го пребродиме ова!“.

Како што пишува „Washington post“, нејзините очајнички обиди да прифати што повеќе бегалци, и` ја донеле титулата „Личност на годината“ од „Time“ магазинот, иако и не бил обаш одобрено од германската јавност.

Меѓу најзначајните цитати беа и оние на Барак Обама, Башар ал-Асад, Дејвид Камерон, Алексис Ципрас и други светски лидери.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот