X
 24.12.2015 Технологија

Новата игра "Secret Hitler" - хит уште пред нејзиното излегување во продажба

igra

 

Играта со карти „Secret Hitler“ веќе се смета за огромен хит и покрај тоа што се`уште не е достапна за пошироката јавност. Досега, на играта и` оди добро на „Kickstarter“ и неколку критичари имаат дадено високи оценки како една од најдобрите игри со карти што секој треба да ја игра.


Играта е создадена од Макс Темкин заедно со уште тројца соработници, а досега собра повеќе од 30.000 поддржувачи на „Kickstarter“, и собра околу 1.500.000 долари. Тимот беше поскромен и даде цел од 54.450 долари, меѓутоа беше изненаден откако ја надмина целта.

Но, што е всушност „Secret Hitler“? Тоа е игра за пет до 10 играчи во која се дава карта на секој играч. Тие завршуваат или како либералци или фашисти или самиот Хитлер.

Секој круг играчите избираат претседател и канцелар, но играта не завршува тука. Самите луѓе можат да одлучат дали да прифатат или да ги одбијат улогите на секој играч. За тоа ќе биде потребен нов глас, а ова ќе продолжи се` до моментот кога не се случи едногласна победа. Откако улогите ќе бидат дадени, претседателот ќе мора да му даде две картички за политика на канцеларот - една од овие картички канцеларот ќе прогласи за закон, а една ќе отфрли.

Од она што може да се каже, не станува збор за обична игра со карти со оглед на тоа што постои чувство на сложеност - што ја прави играта позабавна и повозбудлива.

Она во кое „Secret Hitler“ се разликува од другите игри е случајноста на картичките кои можат да го променат текот на играта за момент. Може да се трансформира играта до точка кадешто канцеларот ќе падне поради зголемена контрола или пак да биде наместен.

Се` на се, изгледа како доста привлечна игра, меѓутоа собирањето на средства на „Kickstarter“ е само почеток. „Secret Hitler“ мора да ги убеди играчите дека играта вреди да се игра, а тука започнуваат потешкотиите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија